,

Дали знаете кој е овој остров?

За историчарите:

  • Тој е единствениот Грчки остров кој никогаш не бил освоен од Турците.

  • Тука бил основан првиот Универзитет во Грција, првиот модерен театар и опера.

  • Постојат 37 цркви на островот.

  • Војводата од Единбург, сопруг на Кралицата Елизабета е роден на овој остров.

За вљубениците во природата:
  • Остовот е познат по маслиновите дрва кои ги има скоро 4.000 на број. 3% од светското производство на маслиново масло, потекнува од тука.
  • Помеѓу 6.000 различни видови на цвеќиња и зачини растат на островот, тој е дом и на 55 видови на диви орхидеи кои ретко може да се најдат на други места.

  • Кинеското овошје Кумкват расте само на овој остров.

Сончање, сончање, сончање:
  • За љубителите на лежењето на плажа, важен факт е дека островот брои рекорден број на плажи, дури 119.
  • Ако сте љубител на нудизмот, треба да знаете дека тука е забранет. Топлесот е делумно дозволен, но сепак треба да одберете плажи со помалку гужва.

Дали веќе знаете за кој остров се работи?

Самата помисла на море, топло сонце, плажи за нас е асоцијација на прекрасниот остров во Јонското Море – Крф.

Иако не е најголемиот остров  во Jонското Море сепак е најзелениот.

А, ако се прашувате зошто е така, приказната на мештаните вели:

Кога островот бил под француска власт, Катерина Медичи владателката на тогашна Франција, ветила по еден златник на секој кој ќе засади маслиново дрво. Колку златници биле поделени не е познато, но  денес на Крф има над четири милиони стебла од ова благородно дрво.

До островот се доаѓа преку две пристаништа: едното во главниот град Крф кое се вика исто како островот (грчки Керкира) и второто помало пристаниште Лефкими.

Интересен е аеродромот чија писта се наоѓа блиску до морето и дава впечаток дека авионите „возат по вода“. До аеродромот има убави хотели со имаат големи тераси каде што туристите уживаат во слетувањето и полетувањето на авионите. И, кога келнерот Ви го послужува кафето Ви вели : Уживајте во глетката.

 Храната е медитеранска со многу грчки  специјалитети.  Подобро е да се јаде во таверните отколку во рестораните бидејќи во нив се наоѓа по некој специјалитет, домашен рецепт, кој семејството што ја држи таверната одлично го приготвува.  Познатата грчка ѕаѕики салата одлично оди со некои од питите со спанаќ, сирење или пак топчиња од месо во сос од домати, свежите риби и лигњи приготвени на различни начини.

Малку историја. Најголемо влијание на културата и резвојот на Крф имала Венецијанската Република која со векови управувала со островот и тоа му дава посебен карактер. Со Крф управувале и Римјаните, Византицијте,  Британците и Французите и сите оставиле по некој свој белег кој и до ден денес е препознатлив. Како во архитектурата и уметноста така и во музеите и археолошките наоѓалишта.

Но сепак, најмногу од се, туристите ги сакаат убавите плажи. За разлика од останатите јонски острови каде плажите се со покрупен песок, овде тие се со ситен жолт песок, кој на некои места се прелева во песок со огнена боја. Овие плажи ќе ги најдете на југозападниот и северниот дел на островот каде погледот може да се фрли до недоглед…

А, ние, во очекување на првиот летен месец, (УШТЕ 2 ДЕНААА) секогаш кога ќе помислиме на Крф, топлата и кристално чиста вода се расположуваме и нестрпливо ја очекуваме повторната средба..

  • Ако се ова ти звучи доволно примамливо искористи некоја од актуелните акции и придружи ни се заедно со првата група од 16ти јуни на Крф.
  • Имаме само уште неколку апартмани слободни.

Акциите со кои можеш да заштедиш се:

-10% за секој член од друштвото/семејството за термин 16-23.06

– 50% на трето лице во апартман. Во друштво е повесело и поефтино!

За повеќе информации и детали пиши ни на овој маил или побарај не на 071/451-633.

Имај убав ден и убав  ЈУНИ!

Поздрав

Тимот на ТА Стаф

Нова Златна книга, бесплатно во вторник, 22 мај, со Слободен печат

Дали знаете кој е овој остров?