, ,

Зошто LLumar фолиите за автомобил имаат најголема енергетска ефикасност

АВТОМОБИЛСКИ КЛИМА ФОЛИИ ТЕРМИЧКА ЗАШТИТА, УВ ЗАШТИТА И КВАЛИТЕТ

Кога бирате фолија за Вашето возило што на Вас ви одговара, пазарот е огромен.  Но Вие барате повеќе од опции. Вие го сакате најдоброто решение. Одберете LLumar и обезбедете максимални перформанси.

ТЕРМИЧКА ЗАШТИТА

Под дејство на сончевите зраци, внатрешноста на Вашето возило може да стане неподносливо топла. Поставувајќи фолија со високи перформанси, може да ја редуцирате температурата во својот автомобил и до 16оC (29oF) … со што обезбедувате поудобно возење, го намалувате оптеретувањето на клима уредот и штедите гориво.

УВ ЗАШТИТА

Ултравиолетовите зраци (УВ) може да предизвикаат оштетување на ентериерот на возилото, како и несакани последици по здравјето на човековата кожа. LLumar клима фолиите создаваат заштитна бариера која блокира и до 99,9% од штетните УВ зраци со што ве штитат Вас и Вашите сопатници од изложеност на истите, а истовремено го успоруваат стареењето на внатрешноста на Вашето возило за таа многу подолго време да изгледа како нова.

КВАЛИТЕТ

За да осигураат долгорочен квалитет, сите LLumar фолии за стаклени површини се направени од висококвалитетни материјали, но тоа сепак не е доволно! Затоа LLumar фолиите ги монтираат стручно обучени и квалификувани изведувачи.  Покрај тоа на LLumar фолиите се користи HPR лепило, познато во светот по својата јакост, издржливост и оптичка бистрина. Овој квалитет, како и вниманието што во LLumar се посветува на сите па дури и на најситните детали, Ви гарантираат дека сте го направиле најдобриот избор.

Спецификација на карактеристики >>>

Контакт и повеќе инфо:

Лумар ФолиВорлд

Трета Македонска Бригада 68
1000 Скопје, Р.Македонија
02 244 3883, 078 305 228
info@folii.mk
Понеделник – петок: 8:30 – 4:00
Сабота: 9:00 – 2:30

Менаџер за инсталација
Горан Антиќ
078 305 228
goran@folii.mk

Локација: Во близина на Раде Кончар позади авто салон CILAZ во кругот на Јавор Комерц карши телевизија Сонце

Дали знаете кој е овој остров?

Зошто LLumar фолиите за автомобил имаат најголема енергетска ефикасност