,

ПОДГОТОВЕТЕ СЕ ЗА ЗАЛАДУВАЊЕ

Времето веќе заладува, а тоа носи нови предизвици за вас и вашиот дом.
Некои незгоди во домот се случуваат зашто соодветно не сме се подготвиле за заладувањето, а некои зашто не сме внимавале на причинителите.
Денес ви споделуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да го спремите вашиот дом за поладно врeме. Некои ќе ви помогнат да се заштитите од неочекувани непогоди, некои да избегнете штети, а некои поекономично да ја поминете зимата.

Заштитете ги цевките

Знаеме сите дека водата како најчудна течност во природата се шири кога е ладно. Токму поради тоа, доколку замрзне во цевките може да предизвика да распукаат и да направат штета.
За да избегнете несакани хаусмајсторски работи среде зима, изолирајте ги цевките кои поминуваат во незагреани простории и истиснете ја водата од надворешни одводи или прскачи доколку имате двор.
Секогаш знајте каде се наоѓа главниот вентил, за да можете брзо да го затворите во случај на излевање на вода.

Проверете го греењето

Додека сеуште не станало премногу ладно, проверете дали е сè во ред со котелот, печката, клима уредот (доколку се греете индивидуално) или со радијаторите и цевките од парното, доколку се греете централно.

Превентирајте брани од
мраз на покривот

Овие брани од мраз се формираат кога топлината која излегува од покривот топи дел од снегот и тој откако ќе почне да истекува се замрзнува и создава мразулци. Но оваа појава колку и да ни изгледа симпатично не и дозволува на водата од понатамошното топење, да истече низ олуците. Ова би можело да доведе до прокиснување и течење на таванот што би предизвикало штета во домот.
Сепак постои едноставен начин како да спречите ваква појава:

  • исчистете ги олуците
  • запечатете ги местата од кои може да излегува толина кон таванот

Исчистете ја и приберете ја опремата за одржување на дворот

По топлите денови поминати во дворот и честото косење и разубавување, време е апаратите и машините кои сме ги користеле да ги прибереме. Но не треба да го правиме тоа пред претходно да ги исчистиме. Важно е да се остранат бензинот и маслото ов некои машни, а секако и остатокот градинарска нечистотија наталожена од користењето.

Проверете го огништето и оџакот

Оние што се греат на дрва важно е да го проверат и исчистат каминот и оџакот. Најдобро е да се викне професионален оџачар што се однесува до очакот, а огништето може да го исчистите и сами.
Изолирајте ги прозорците и вратите
Со пополнување на празнините околу вратите и прозорците, како и поставување на ленти за намалување на струење на водухот, ги намалувате шансите да ви бега топлината од домот кога е ладно, а истовремено и ги намалувате трошоците за греење.

Исчистете ги апаратите за домаќинство

При подготовката за поладно време, не заборавајте ги и овие две задачи:

  • Исчистете ја машината за сушење алишта – како превентива од пожари.
  • Исчистете ги решетките на задниот дел од фрижидерот – за подобрување на неговата функција.

Спремете неколку работи за во случај на незгода кога времето е ладно

Во случај на снежна бура, може да се случи исклучување на струја, а во зима неретки се и пожарите. Убаво би било да имате покрај себе и некој од овие:

  • апарат за гаснење пожар
  • алтернативен извор на топлина: генератор, печка на дрва..
  • песок за топење на мраз и лопата (доколку живеете на место каде што е вообичаена појава на мраз и снег.)

Исто е добро да си имате и семеен комуникациски план во случај на снежни бури, кога не сте заедно, без разлика дали живеете на такво место или планирате да посетите некое.

И се разбира не заборавајте да се осигурате, зашто сепак нема подобра припрема од тоа.

(Видео) Направи сам природен освежувач за твојот миленик

ПОДГОТОВЕТЕ СЕ ЗА ЗАЛАДУВАЊЕ