,

Е-КАПИТОЛИЈАДА, ИЗРАБОТУВАМЕ ЕКО МАСКИ ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД И СТАРИ БАТЕРИИ

Нула Отпад своето дејствување како непрофитна организација во управување со специфичните текови на отпад го започна кон крајот на 2012 година и отогаш функционира исклучително активно и претставува поим за позитивни вредности во заштита на животната средина. По повод Денот на шегата, Нула Отпад во соработка со Општина Аеродром и Капитол Мол организира дигитална кампања со ревијален дел насловена како Еко парада на Е-Капитолијада.

РЕУПОТРЕБИ, КРЕИРАЈ, ИНСПИРИРАЈ И ОСВОЈ НАГРАДА!

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електричен отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол мол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА, и ревијален забавен дел со Еко Парада со еко слогани од училиштата и градинките до општина Аеродром и Капитол Мол.

Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).

Учесниците во Изборот на најдобра еко маска ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски и електрични уреди и стари и потрошени батерии.

Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 01.04.2022год. до 16 часот.

ПРАВИЛНИК И ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО НА СЛЕДНИОВ ЛИНК:

НУЛА ОТПАД, за најдобрите три маски ќе обезбеди три главни награди. Од стручно жири ќе бидат доделени две награди за најдобрите индивидуални масли, прва награда безжични блутут слушалки, втора награда паметен часовник, додека една награда ќе биде доделена за најлајкувана индивидуална фотографија на социјалните мрежи на Капитол Мол ( фејсбук + инстаграм) – гејмерски сет (слушалки, тастатура и глувче).

За најдобра групна маска ќе биде доделена награда од стручно жири пакет училишни материјали за одделението.

За категоријата најлајкувана фотографија важечки ќе бидат гласовите од објавата на фотографијата до 03.04.2022 – 12 часот.

Добитниците на наградите ќе бидат објавени на 05.04 во 12часот.

Ги охрабруваме сите деца од Општина Аеродром да се вклучат во Еко Маскенбалот и заедно со своите родители да изработат креативни маски, да се забавуваат и да дадат свој допринос во подигнувањето на свеста за селекција и рециклирање на опасниот отпад – вели Билјана Костадинова, едукатор во Нула Отпад.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Паралелно со оваа иницијатива во општина Аеродром во соработка на Нула Отпад се реализира пролетна акција за собирање на електронски отпад каде граѓаните и правните лица со едноставно јавување на Еко Линијата 070 236 000 ќе можат на БЕСПЛАТЕН и правилен начин да се ослободат од електронскиот отпад од својот дом/компанија.

НЕОТЕЛ СО ВОНРЕДНИ УБАВИ ВЕСТИ!

Е-КАПИТОЛИЈАДА, ИЗРАБОТУВАМЕ ЕКО МАСКИ ОД ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД И СТАРИ БАТЕРИИ