,

Го проверивте ли автомобилот пред почетокот на зимската сезона?

#spremnizapat #спремнизапат

Дали навреме се подготвивте за падот на температурите и го проверивте вашиот автомобил на технички преглед? Без паника, затоа што првата приватна станица за технички преглед  “ZGJIMI COMPANY” е тука за да ве подготви за зимските услови на патиштата.

За помалку од недела дена започнува задолжителното носење на зимска опрема во автомобилите. Тоа значи дека се до март идната година е задолжително носење зимски гуми и синџири, а за возачите на автобуси и на тешки камиони и лопата ако на погонските тркала не може да се постават синџири за снег.

Ви препорачуваме задолжително да ја посетите станицата за технички преглед “ZGJIMI COMPANY”, која ви ги нуди сите услуги од овој тип. За останатите законски одредби, во разговор со стручниот тим на станицата, ви ги презентираме техничките спецификации кои мора да ги исполните за претстојниот период.

Еве што ви е потребно:

За моторните возила со тежина која не надминува 3 500 кг во зимска опрема влегува:

  •  зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 4 милиметри
  •  гуми со летен профил на сите тркала со најмалку 4 милиметри длабочина по слојот што гази, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Како зимска опрема за моторни возилата со погон на четири тркала (4 х 4) потребни се:

  •  зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина, од 6 mm.

Како зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 kg се подразбира:

  • зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, од шест mm.
  • пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите на слојот што гази, по обем и широчина, со минимум од четири mm. Ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
  • автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во патниот сообраќај на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Tехнички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни.

Во “ZGJIMI COMPANY” може да го осигурате Вашиот автомобил или да извадите Зелен Картон. Зелениот картон се издава врз основа на издадена полиса за осигурување од автомобилска одговорност од соодветната компанија и е замена за полисата за осигурување од автомобилска одговорност издадена за матичната земја со важност за сите земји-членки наведени во полисата.

Светско а наше – зграпчи го мигот во Coffee Corner – Стара чаршија

Го проверивте ли автомобилот пред почетокот на зимската сезона?