, , , , ,

Светско а наше – зграпчи го мигот во Coffee Corner – Стара чаршија

Сите имаме два животи, вториот живот започнува кога ќе сфатиме дека имаме само еден живот.

Сите имаме два животи, вториот живот започнува кога ќе сфатиме дека имаме само еден живот.

Скопје е град на парадокси, вообичаениот градски живот е по матрица и идентична копија на местата, локалите, амбиентот, менито и музиката. Тоа и не така лошо додека се поистоветувате со масата.

Замислете, наместо да ги поминуваме деновите и вечерите пливајќи во неодредени количини на сомнителен алкохол, да се смееме на трезни шеги, да не се грижиме за евентуалниот мамурлак којшто би ни следел наредното утро, да немаме компликации во однос на околината, и да останеме  со позитивно расположение и однесување.

Таквиот начин на социјализирање станува атракција ширум светот со самото отворање на собер барови кои на менито немаат апсолутно ништо од алкохол.

Од неодамна ваков концепт на собер бар материјализиран преку Coffee Corner  ја збогатува старата Скопска чаршија, концепт чие мени нуди исклучиво безалкохолни пијалаци.

Coffee Corner освојува преку храбриот микс на  ѕидините и калдрмата на Скопската чаршија, минималистичкиот функционален екстериер кој зрачи со топлина  и ентериерот кој храбро се движи од минимализам до детаљи кои се со векови тука.

Барменот пак  светски мајстор на својот занает изненадува со вештините на креирање коктели од разни состојки коишто маестрално се декорирани  и гарантирано ќе ве освежат  и ќе ви го направат денот поубав.

Проверете го овој нов локал во срцето на Скопската  чаршија .

Ако го живеете својот втор живот повелете во Coffee Corner и пробајте некој  од коктелите и преку вкусот обиколете го светот во 2 часа , уживајте во најдоброто италијанско еспресо во градот или топлото чоколадо направено по сопствен оригинален рецепт.

 

Гаранција за безгрижни зимски патувања

Светско а наше – зграпчи го мигот во Coffee Corner – Стара чаршија