При реновирање на домот е секогаш препорачливо да се обрне внимание на изолацијата. Правилно поставената изолација ги намалува трошоците за ладење и греење задржувајки ја свежината во внатрешноста на домот и намалувајки ги губитоците на топлина. Поставувањето на изолација не претставува тешка задача и придонесува кон удобноста на домот со намалени трошоци за живеење.
1. Прозорци
Прозорците ја имаат главнита улога во заштедата на топлинска енергија и појавата на кондензација и влага во внатрешните простории. Загубата на топлината низ прозорците претставува повеќе од 40% од вкупните загуби на топлината од домот. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите на долг рок. Од понудата на пазарот во Македонија, за вас одбравме 2 енергетски ефикасни прозорци:
- Шест коморен профил со три дихтунга – кликнете тука за повеќе детали.
Кога бирате нови прозорци обрнете внимание на стаклото, бидејки тоа ја има главната улога во топлотната и звучната изолација. Исто така, забележете ја и тежината на профилот на метар должен. Колку е поголема оваа тежина, толку повеќе материјал има во профилот, што во крајна мера е подобар параметар за квалитетот на изолацијата.
2. Ѕидови
Загубата на топлината од ѕидовите се движи меѓу 20% и 30% од вкупните загуби на топлината од домот. Квалитетот на ѕидната изолација најмногу зависи од дебелината на изолацискиот слој и од спроводливоста на користените материјали.
Како изолациски материјал најчесто се користи камена волна за ѕидови кои дишат без појава на мувла и влага, здрава клима во просторијата, фасада заштитена од пожар и долготрајност на инвестицијата. Тука најдете контактна фасада со камена волна.
Од новата генерација на градежни материјали, ги одвојуваме МГО плочите кои се изработени со помош на нови модерни технологии и се отпорни на огин, вода, инсекти и мувла. За повеќе информации, контактирајте го директно продавачот тука.
Употребата на енергетско ефикасни термоблокови при изградба овозможува добра топлотна и звучна изолација. Дополнително ќе Ви заштедат при изградбата бидејки имаат помала потрошувачка на малтер. Најдете ги тука.
3. Поткровје
Доколку живеете во куќа или пак стан на најгорниот кат, поткровјето е едно од најважните места кои треба да се изолираат бидејки тоа е постојано изложено на надворешните атмосферски влијанија како дожд, снег, ветер и сонце. Системот за изолација на кос кров овозможува врвна топлотна заштита која претставува комбинација од камена и стаклена волна, надополнета со одлична заптивост и заштита од влијание на ветер. Ова е едно од најдобрите решенија за овој дел од домот за заштеда на енергија, а понудата од продавачот можете да ја добиете тука.
Друго решение кое исто така претставува квалитетен изолатор е и бетонска ќерамида. Оваа ќерамида претставува нова насока во покривањето на кровови кај моредните градби со чисти линии, сила и дизајн. Дознајте повеќе за овој производ тука.
4. Таван
Таванот е четвортото место на кое му е потребна изолација доколку при самата изградба на куќата или станот не е соодветно изолирано. Топлинската отпорност на изолационите материјали е директно поврзана со нивната дебелина – колку што е изолацијата подебела толку е подобра топлинската отпорност на материјалот. Панелите од експандиран полистирен – стиропор се изработуваат во различна дебелина, па изборот можете да го направите во зависност од местото кое е потребно да го изолирате и од климатските услови каде е изграден Вашиот дом. Повеќе за неговите својства дознајте тука.
5. Подрум
Иако целата градба има добра изолација, а подрумските простории не се соодветно изолирани, тоа може да го зголеми губитокот на топлина и да се формираат таканаречени ладни мостови. Во новите градби подрумските простории се соодветно изолирани, но во постари градби изолацијата во подрумите може да претставува голем проблем. Наједонставниот и најлесниот начин да се заштитат овие простории е со премачкување на површините со хидроизолационен премаз – најдете го тука. Може и да обложите со панели од експандиран полистирен – стиропор, најдете ги тука.
Доколку поставувањето на изолацијата одлучите да го направите сами, проверете дали го имате потребниот алат кој ќе ви го олесни работењето.