, ,

Зошто Кнауф ѕидовите секогаш нудат повеќе за Вас

Зошто Кнауф ѕидовите секогаш нудат повеќе за Вас

Гипсот претставува минерал од групата на сулфатите што кристализира моноклинично. Обично се појавува во многу убаво развиени кристали кои се развиени по страничниот пинакоид и притоа се плочести или пак игличести, издолжени по кристалографската оска. Многу чести се појавите на близнење, при што таквите примероци имаат изглед на опашка од ластовичка. Бојата на гипсот е обично бела, сива или пак жолтеникава, а во некои случаи може да биде обоен со црвени нијанси. Тврдината му изнесува 2 (по Мосовата скала) и има совршена цепливост.

 

Гипсот како градежен материјал

Кнауф системите се базирани на карактеристиките на дарот на природата – гипсот. Гипсот е материјал кој нуди оптимални услови за функционирање на човечкото тело , ја регулира климата, влажноста во просториите и удобноста , гипсот е пародифузен , тој  е одличен звучен изолатор , истиот е електро неутрален , pH неутрален и е без мириси и штетни гасови. Гипскартон ѕидовите се покажаа како одлично решение за нашиот дом и деловен простор овозможувајќи лесно моделирање и комбинирање на просторот во кој живееме и работиме.

 

Предностите на Кнауф ѕидовите се :

  • ЗДРАВА КЛИMА И РЕГУЛАЦИЈА НА ВЛАГАТА ВО ПРОСТОРИИТE затоа што Кнауф плочите се потполно природни. Поради гипсот, беспрекорно здравиот материјал во нив, Кнауф плочите природно ја регулираат влажноста во просторијата.
  • TОПЛИНАТА ОСТАНУВА ДОMA Кнауф ѕидовите имаат одлични изолациски својства и ја подобруваат топлинската заштита.
  • ПРОТИВПОЖАРНОСТ Кнауф плочите се негорив градежен материјал, благодарејќи на водата која е содржана во самиот гипс.
  • ЗВУЧНА ЗАШТИТА Кнауф системи за звучна изолација – решение за мирен и спокоен простор
  • ПОИм ЗА ПРЕГРАДЕН ЅИД ВО СТАН – Кнауф W112 е испробано решение за секој дом. Овој ѕид има подобра звучна и топлинска заштита од класичниот малтерисан ѕид.
  • ФЛЕКСИБИЛНОСТ, ФУНКЦИОНАЛНОСТ, ЕСТЕТИКА Поради малите тежини Кнауф ѕидовите може да се постават на било кое место, без никакви статички проблеми. Лесната изведба може многу брзо да го измени распоредот во Вашиот стан, во зависност од новите потреби
  • ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ТОВАРИ Слика или полица? Саат или висечки елемент во кујната? Бојлер во купатило? Кнауф ѕидот и адекватната типла држат навистина се. Сигурно и испитано.
  • ЗА ВЛАЖНИ ПРОСТОРИИ Гипсеното јадро и картонската обвивка се специјално импрегнирани и отпорни на влага и прскање со вода.
  • СУВА И БРЗА ГРАДБА Идеално рамни и мазни површини без пукнатини, брзо и едноставно.

 

Гипскартон ѕидовите се покажаа како одлично решение за нашиот дом и деловен простор овозможувајќи лесно моделирање и комбинирање на просторот во кој живееме и работиме а целиот асортиман на градежни материјалигипс и производи од гипс,изолациски материјалиградежни материјали за изолација  ќе најдете во Гипсар, проверен Кнауф партнер.

ТРЕНДЛИНЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ – Дополнителна вредност во вашиот дом

Зошто Кнауф ѕидовите секогаш нудат повеќе за Вас