,

ТРЕНДЛИНЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ – Дополнителна вредност во вашиот дом

Комерцијален текст

Основната дејност на компанијата ТРЕНДЛИНЕ ДООЕЛ – Скопје е фокусирана на проектирање и изведба на базени, хидромасажни кади ( Jacuzzi ), фински сауни, инфра-црвени сауни, парни бањи, релакс топли лежалки.

Сплотувајки ги сите претходно споменати артикли во една целина, Трендлине Дооел Скопје се наметна како еден од лидерите на пазарот во опремувањето и изведбата на модерните СПА центри како во нашата земја, така и во земјите од нашето опкружување.

Патот до клиентите го трасираат преку работа и вградување на висококвалитетни материјали и опрема од реномирани европски и светски производители, преку  долгогодишно искуство во спа секторот, конкурентните цени и гаранцијата на  производите, како и максималната коректност кон желбите и барањата на клиентите.

Клиентите добиваат совети во врска со саканиот облик и димензија на сауната,  парната бања ,базенот, хидромасажната када, како и со совети и насоки за нивното правилно користење и одржување.

Финалните производи се карактеризираат со естетика, уникатност, функционалност и ценовна ефективност. Нивното работење е овозможено од многуте задоволните клиенти и купувачи,  преку нивните препораки за брзата и коректна работа како и коректните цени на опремата за сауни и базени.

Референтната листа на ТРЕНДЛИНЕ се состои од голем број на изведби како во комерцијални така и во некомерцијални објекти, опремување на спа центри во рамките на приватни домови,  хотели и салони за убавина.

На првите спа номинации одржани во Македонија,организирани од мегународната организација SPA NOMINATIONS, компанијата ТРЕНДЛИНЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ, ја доби првата награда за најдобар изведувач на Спа ценри во Р. Македонија. ,а исто така и два наши изработени проекти ги однесоа првите награди во своите категории

Да слушате и да разбирате е најважно во животот, искористете го бесплатно овој тест за слух

ТРЕНДЛИНЕ ДООЕЛ СКОПЈЕ – Дополнителна вредност во вашиот дом