,

Направи сам – креветче за милениче

Удобни и уникатни креветчиња за спиење

Секој кој дома има крзнено пријателче знае дека тоа не е само милениче туку и член на семејството. Бидејќи милениците ни пружаат безусловна љубов и ни го разубавуваат секој ден и ние се обидуваме да им возвратиме на најразлични  начини. Еден од тие начини е да му подарите на вашето куче или маче удобно и уникатно креветче за спиење.

Еве неколку идеи за креветчиња за кои најверојатно материјалите ги имате веќе по дома.

Креветчиња за кучиња

Секој во својот дом има по некој стар ретро куфер кој со години собира прашина. Искористете го за да направите уникатно креветче за вашето милениче во кое ќе ужива.

Дали некогаш ви текнало дека старата масичка може да стане одлично креветче? Свртете ја обратно, офарбајте ја со интересни бои, ставете перниче и ќе добиете кралски кревет во кој и вие ќе сакате да се оптегнете. 🙂

Креветчиња за мачиња

Доколку имате некоја стара гајба од подебело дрво истата лесно можете да ја претворите во креветче. Само тргнете ја горната даска, исшмирглајте ја убаво за да биде мазна и ставете меко перниче внатре.

Или земете плетена корпа прикачете ја на ѕид и ставете внатре кебенце.

3 Совети како да одберете мебел

Направи сам – креветче за милениче