Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром поттикнуваат иницијатива за изработка на маски од електронски отпад кои ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на социјалните мрежи на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА.
Е – Капитолијада се случува по повод денот на шегата 1ви Април и претставува уникатен предизвик во кој учесниците на креативен начин го реформулираат значењето и функцијата на отпадот.
Во Изборот на најдобра еко маска право на учество имаат сите деца од Општина Аеродром, вклучувајќи ги сите градинки и училишта (основно образование,1-9 одделение).
Учесниците во Изборот на најдобра еко маска ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено најмалку 3 стари и неисправни електронски или електрични уреди и стари и потрошени батерии.
Фотографија од направената еко маска треба да се испрати во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно пополнета и потпишана пријава од родител/старател најдоцна до 29.03.2024год. до 12 часот.
Од Нула Отпад и соработниците на проектот обезбедени се три главни индивидуални награди и две групни награди -категорија градинка и категорија училиште.
Амбасадата на Рeпублика Словенија во Скопје го препозна овој проект како вистинска заложба за остварување на еколошки цели на креативен начин меѓу најмладите и оваа година даде поддршка и ја обезбедува главната награда од стручно жири – велосипед.
Награден фонд:
- 1 место индивидуална маска од стручно жири – велосипед
- 2 место индивидуална маска од стручно жири – таблет
- Најлајкувана индивидуална маска на fb фан страната на Капитол Мол – звучник количка, ( важечки се гласовите од објавата на фотографијата до 29.03.2024год. до 12 часот)
- Групна маска категорија градинка – пакет материјали за работа
- Групна маска категорија училиште – печатач
Дополнителни награди за импресивни маски ќе бидат доделени и од соработниците на Е-Капитолијада.
Добитниците на наградите официјално ќе бидат објавени на 01.04.2024год на социјалните мрежи на организаторите.
Еко парадата како дефиле со сите маски е предвидена на 1-ви Април понеделник на бината во Капитол Мол каде официјално ќе бидат доделени наградите за најкреативните маски.
Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.
Линк со правилник и пријава за учество: https://www.nulaotpad.com.mk/blog-post/