,

Премиера на театарската претстава “Експеримент” во склоп на фестивалот Здраво Млади 2017

Набавете си билети во МКЦ по цена од 300 денари

Фестивал Здраво Млади 2017

Ни претставува особено задоволство да ја најавиме премиерата на тетарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА –  Скопје.

По успехот на првата театарска претстава во продукција на здружението АРТОПИЈА, „Да го поздравиш и да ми го бациш“, новиот театарски продукт претендира да го задржи континуитетот на критика на негативните општествени појави и цели да го збогати диверзитетот во театарскиот израз на независната театарска сцена во Р. Македонија..
Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

 

 

Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките.

Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат…
Режисер на претставата е Јане Спасиќ, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Премиерната изведба е закажана за Петок(09.06.), 20:00 часот, во „Фросина“, во Младински културен центар, а по неа следуваат 2 репризни изданија, Недела(18.06.) и Понеделник(19.06.) со ист „тајминг“ и локација.

Билетите можат да се набават на билетарницата на МКЦ, по цена од 300 денари.
Промо настан „Здраво Млади“
Премиерата на претставата е во склоп на овогодинешното издание на фестивалот Здраво Млади(т.н. нулти ден на Здраво Млади 2017), па по премиерата следува одлично музичко освежување.
На 9ти јуни, на платото пред МКЦ, по 22:00 часот следува музички сет на DJ Fitz, кој го паметиме по минатогодишниот настап на Cinedays, во тандем со холивудскиот актер Elijah Wood.
DJ Fitz има за цел да докаже дека постои и друга култура, култура којашто верувала и сè уште верува во психоделична музика.
Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот.

 

 

 

Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар (филм)

Премиера на театарската претстава “Експеримент” во склоп на фестивалот Здраво Млади 2017