,

ШТО ВО СЛУЧАЈ НА ШТЕТА НА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ, КОГА ВИЕ НЕ СТЕ ВИНОВНИ?

1. Во случај на штета на вашето возило, предизвикана од страна на друго возило, барањето за надомест на штета треба да го поднесете во  осигурителната компанија во која е осигурено лицето кое ја предизвикало штетата.

2. Доколку на вашето возило е причинета штета од страна на неосигурено возило, тогаш барањето за надомест на шетата го поднесувате во осигурителната компанија во која сте осигурени.

3. Во случај на штета предизвикана од непознато моторно возило, не може да се бара надомест за материјална штета, односно надомест за оштетено возило. Поднесок за надомест на штета можете да побарате само за  нематеријална штета, што подразбира смрт, телесна повреда и нарушување на здравјето и во тој случај барањето за надомест на штета се поднесува во Националното биро за осигурување.

4. Доколку штетата на вашето возило е причинета од страна на странско моторно возило, барањето за надомест на штета се поднесува до Националното биро за осигурување, или до во  осигурителната компанија во Македонија,  која има склучено коресподентски договор со одговорното странско осигурително друштво. Инфомрацијата дали и која компанија во Македонија има коресподентски договор со странската осигурителна компанија треба да го побарате во Националното биро за осигурување.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ СВЕТЛА

ШТО ВО СЛУЧАЈ НА ШТЕТА НА ВАШИОТ АВТОМОБИЛ, КОГА ВИЕ НЕ СТЕ ВИНОВНИ?