,

Совети од MyMarketing 3дел

Мy Мarketing издвојува – Интересни Маркетинг Факти

Трендовите продолжуваат да се развиваат, Мy marketing се гордее со способностa постојано да ги прилагодува и почитува најиновативните концепти и стратегии за маркетинг промоција. Ние нудиме широко мени на услуги, дел од нив се промоции, социјални медиуми, графички дизајн, односи со јавноста, маркетинг анализи, сопствено печатење….. професионален однос кон нашите клиенти.

Денес Ви издвојуваме неколку факти и маркетинг статистики кои ни се интересни и често пати знаеле да ни помогнат многу околу нашата работа и да ни разрешат дел од дилемите за одредени маркетинг кампањите како и останати маркетинг активности.
– 20% од интернет прегледувањата доаѓаат токму од Facebook.
– Видеата на мобилниот телефон се најбрзиот растечки сектор во маркетингот.
– 50% од кликнувањето на банерите со кои се среќавате во вашиот мобилен телефон се ненамери.
– Лицето на Ал Пачино било на првобитната страница на Facebook, тогашното име е ‘’The Facebook’’.
– Првиот е-мејл e испратен во 1971 година од страна на два компјутери кои биле сместени еден до друг.
– Најскапата реклама во историјата е рекламната кампања на ‘’Chanel’’ заедно со Nicole Kidman, во 2003 година, која чинела 33 милиони долари.
– Храната е најпосетувана тема на Pinterest.
-Просечниот Американец поминува најмалку 2 часа дневно на социјалните мрежи, без разлика дали е тоа од компјутер, таблет или мобилен телефон. (Дали ова важи и за нас…..?)
– Дијамантите не се толку многу ретки, истотака нивната вистинска вредност е далеку пониска од моменталната која се пласира на пазарот, но побарувачката достигнала огромен пораст поради маркетинг кампањите на компанијата ‘’De Beers од ‘’1888, сето тоа поради прстените за венчавки.
-Лејди Гага, Џастин Бибер и Кети Пери имаат повеќе следбеници на Твитер од целата популација на многу земји, вклучувајќи ги Германија, Турција, Јужна Африка, Канада, Аргентина ,Египет.
– Јапонците традиционално јадат од ‘’KFC’’ за божиќната вечера, благодарение на успешната маркетинг кампања пред 40 години. ‘’KFC’’ е толку популарен што клиентите мора да ги порачаат нивните нарачки понекогаш и два месеца предходно.
– Жените почнале целосно да го депилираат своето тело околу 1940-тите, благодарение на “постојаниот маркетинг напад”.
– Луѓето во САД пиеле 90 литри кафе просечно годишно, во 1948 година, денес пијат 42 литри, делумно поради маркетингот на компаниите со безалкохолни пијалаци, тие ги продавале шеќерните пијалаци како здрави додека за кафето воделе против кампања како отров што предизвикува срцеви заболувања и дефекти при раѓање, сето ова и не така одамна, се случувало во 70-тите. Денес безалкохолните пијалоци се водечка причина за дијабетес и дебелина.
-Сланината и јајцата не се сметале за храна за појадок се до 1920-тите. Причина за најпознатиот појадок е внукот на Сигмунд Фројд, кој бил ангажиран да создаде маркетинг кампања за зголемување на продажбата на сланина.
– Се до доцните 80-ти, дијамантите со боја на чоколадо се сметале за безвредни и не се користеле за изработка на накит, намената била единствено за индустриски цели. Но со помош на маркетинг стратегија ова било променето, се во обид да се направат популарни и и скапоцени.

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Совети од MyMarketing 2дел

Совети од MyMarketing 3дел