,

Временска прогноза и квалитет на воздух – петок, 17 ноември 2017

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

Денес е петок, 17 ноември 2017 година, 321-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:19, а ќе зајде во 16:16 часот. Денот ќе трае 9 часа и 57 минути.

Ова утро во Македонија преовладува претежно облачно, ветровито и свежо време. Во централните, источните и југоисточните предели облачно време со врнежи од дожд.

Утринските температури по градови се следниве: Скопје, Тетово, Охрид и Прилеп утрински температури од 9 степени, Крушево 5 степени и Битола 8 степени. Велес и Кочани 9 степени, Штип и Струмица 10 степени, Гевгелија 12 и Берово 6 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес продолжува облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Во северозападните, централните и јужните предели се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд, локално и над 40 литри. На планините над 2000 метри врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува доумерен засилен југоисточен и источен ветер а во крајните западни и југозападни предели ќе дува засилен североисточен ветер. Минималните температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ – Во утринските часови според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загадувачки честички во воздухот кои што се во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа особено во вчерашните вечерни часови на сите мерни станици имавме зголемено ниво на ПМ 10 честички кои што се движеа во границите од 90 до 160 микрограми на метар кубен.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури од 6 до 15 степени. Во недела студено утро со утрински температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневна температура од 3 до 12 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник како и понеделник продор на влажна и студена воздушна маса од север што ќе услови облачно време со врнежи од дожд а на ридско-планинските предели и на планините над 700 метри надморска висина врнежи ќе бидат од снег кои што ќе бидат проследени со засилен ветер и пад на температурите. Минималните температури од -4 до 4 степени додека пак дневните од 0 до 9 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -7 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Максималните температури до 2 односно до 11 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со температура до 12 односно до 9 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровит и студено време со температура до 6 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник и во понеделник на падините на Водно се очекуваат врнежите да бидат од снег. Во вторник студено утро со утринска температура од -1 степен, во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 8 степени.

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ПЕТОК, 17 НОЕМВРИ

Временска прогноза и квалитет на воздух – петок, 17 ноември 2017