,

Временска прогноза и квалитет на воздух – сабота, 18 ноември 2017

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза #квалитетнавоздух

ЕВРОПА – Во сабота над Скандинавскиот полуостров ќе се наоѓа центар на поле на низок воздушен притисок кој што во северозападна, северна и североисточна Европа ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветар и студено време. Нестабилно време со врнежи од дожд се очекуваат и на југ од Балканскиот полуостров како и во југоисточна Европа. Во останатите предели стабилно време со сончеви периоди. Максималните температури низ главните европски градови ќе се движат од 3 степени во снежната Москва до 20 степени во Лисабон.

 

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време со дневни температури кои што во северните и централните предели ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината. Максималните температури утре ќе се движат од 5 до 19 степени.

 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во сабота во раните утрински и претпладневните часови во северозападните, централните, североисточните, источните и југоисточните предели облачно време со врнежи од дожд кои што во попладневните часови ќе престанат и ќе преовладува облачно и ветровито време. Во останатите предели претежно облачно и ветровито време во текот на целиот ден. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак дневните температури ќе достигнат до 6 односно до 15 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во недела умерено облачно, ветровито и студено време со пад на температурите. Минималните од 0 до 9 степени, додека пак дневните температури ќе достигнат од 3 односно до 12 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник продор на влажна и студена маса од север, која што ќе услови облачно време со врнежи од дожд, ветровито и студено време. На ридско-планинските предели и на планините над 700 метри се очекуваат врнежите да бидат од снег. Минималните температури од -4 до 5 степени, додека пак дневните од 1 до 10 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -7 до 1 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и малку потопло време со дневни темпертури од 3 до 12 степени. Во среда уште едно студено утро со утрински температури од -5 до 4 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време со дневни температури од 1 до 10 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА –  Во Скопје во недела претежно облачно, ветровито и студено време со температура до 9 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови облачно со врнежи од дожд, ветровито и студено време. Попладне врнежите ќе престануваат и дневна температура до 7 степени. Во вторник студено утро со утринска температура од -2 степени, во текот на денот претежно сончево и дневна температура до 9 степени. Во среда умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 7 степени.

 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХ – Во текот на денешниот ден на сите сите мерни места имаме ниско ниво на загадувачки честички во воздухот кои што се во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа особено во вчерашните вечерни часови на сите мерни станици имавме зголемено ниво на ПМ 10 честички кои што се движеа во границите од 90 до 160 микрограми на метар кубен.

 

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од 1 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури од 6 до 15 степени. Во недела студено утро со утрински температури од -2 до 6 степени, во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и дневна температура од 3 до 12 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник како и понеделник продор на влажна и студена воздушна маса од север што ќе услови облачно време со врнежи од дожд а на ридско-планинските предели и на планините над 700 метри надморска висина врнежи ќе бидат од снег кои што ќе бидат проследени со засилен ветер и пад на температурите. Минималните температури од -4 до 4 степени додека пак дневните од 0 до 9 степени. Во вторник студено утро со утрински температури од -7 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и студено време. Максималните температури до 2 односно до 11 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со температура до 12 односно до 9 степени. Во понеделник облачно време со врнежи од дожд, ветровит и студено време со температура до 6 степени. Во текот на ноќта недела кон понеделник и во понеделник на падините на Водно се очекуваат врнежите да бидат од снег. Во вторник студено утро со утринска температура од -1 степен, во текот на денот умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 8 степени.

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини САБОТА, 18 НОЕМВРИ

Временска прогноза и квалитет на воздух – сабота, 18 ноември 2017