,

ЗИМАТА БАРА СЕРИОЗНИ ПОДГОТОВКИ НА ВОЗИЛОТО

Сервисирањето на возилото и одржувањето во технички исправна состојба во текот на целата година е важно за вашата и безбедноста на вашето семејство на пат. Но, соодветната подготовка на возилото има суштинско значење кога станува збор за зимски услови, имајќи во предвид дека зимата поставува необични барања од аспект на одржувањето и опремата.

Без многу труд и мака подгответе го возилото за претстојната сезона, искористете ја привилегијата да се биде АМСМ член и во периодот од 06.11. до 15.12.2017 година  направете бесплатна зимска проверка на возилото, која вклучува:

– Проверка на антифриз;
– Проверка на ниво на масло;
– Проверка на сопирачки и ниво на глицерин;
– Проверка на осветлување и на акумулатор;
– Превентивен технички преглед (проверка на амортизери, предница и на возна постројка).

При замена на антифриз и масло, како АМСМ членови во текот на бесплатната зимска проверка на возило, истите ги добивате со попуст од 20%.

Во рамките на акцијата за бесплатна зимска проверка на возило за АМСМ членови, дополнително имате можност да направите компјутерска дијагностика на вашето возило по специјална цена од 200 денари за АМСМ членови наместо редовната цена од 600 денари.

Проверката можете да ја направите на следните локации:
АМСМ Скопје – Центар во сервисот на АМСМ Службата за помош и информации на пат, лоциран веднаш до станицата за технички преглед и
АМСМ Велес.

Бесплатната зимска проверка на возило за АМСМ членови, можете да ја направите само со претходно закажување на АМСМ инфо линија 02/3181-181.

Временска прогноза – СРЕДА, 8 НОЕМВРИ 2017

ЗИМАТА БАРА СЕРИОЗНИ ПОДГОТОВКИ НА ВОЗИЛОТО