,

Временска прогноза – СРЕДА, 8 НОЕМВРИ 2017

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза

Денес е среда, 8 ноември 2017 година, 312-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:08, а ќе зајде во 16:25 часот. Денот ќе трае 10 часа и 17 минути.

Врнежите од дожд кои што во текот на изминатата ноќ започнаа, продолжуваат и ова утро. Во овие утрински часови имаме претежно облачно и ветровито време, а во западната половина нестабилно време со врнежи од дожд. Во наредните часови врнежите ќе се прошируваат и во останатите предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе преовладува претежно облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, кои што локално ќе надминат и над 30 литри. Претпладне интензивните врнежи ќе бидат застапени во западните предели а попладне во источните и југоисточните предели. Ќе дува засилен југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури во пораст и ќе се движат од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени. Во вечерните часови врнежите постепено ќе престануваат и намалување на облачноста.

 

СКОПЈЕ – Во Скопје денес облачно со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Ќе дува засилен југоисточен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 15 степени.

 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА  – Во Македонија во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време. Минималните температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 9 до 18 степени. Во петок постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат од -1 до 8 степени, а  во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 10 до 19 степени. Во сабота нов бран на врнежи, под влијание на Медитерански циклон ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и пад на дневната температура. Минималната температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните од 6 до 15 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и топло време, попладне врнежите ќе престануваат. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак дневните од 7 до 16 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневна температура до 15 степени. Во петок по студеното утро со утринска температура од 5 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и температура до 16 степени. Во сабота облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време со температура до 12 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне умерено облачно со сончеви периоди и температура до 13 степени.

ТОР – РАГНАРОК (филм)

ЗИМАТА БАРА СЕРИОЗНИ ПОДГОТОВКИ НА ВОЗИЛОТО