, ,

Зошто Вита Ве?

Прва лиценцирана приватната установа за грижа и нега на стари лица која функционира од 2008 година

Како што влегуваат во третата доба од животот, луѓето се соочуваат со многу болести и проблеми што ги спречуваат да ги извршуваат своите дневни активности. Но, стареењето не мора да биде проблем, туку период во кој ќе уживаме со соодветна помош. Затоа ние во Вита-Ве Ви нудиме пријатна, безбедна и пријателска средина, каде што можете да си ја задржите Вашата независност, но сепак имате пристап до поддршка кога тоа е потребно.

Целта на нашиот дом е да се задржи квалитетот на животот на нашите корисници.

Приватноста на нашите корисници е на високо ниво на нашата листа на приоритети.

Со седиште на ул. Бутелска 29 бр. 5 Вита-Ве се наоѓа на влезот во населба Радишани далеку од големата бучава, метеж и загаденост на градот Скопје а сепак само 7km оддалеченост од центарот на градот. Локацијата е согласно високите критериуми за достапност и инфраструктурна поврзаност, а сепак заштитено од гужва и метеж.

Домот за стари лица Вита-Ве ви нуди можност за комплетна релаксација во мир, тишина и прекрасно хортикултурно уреден двор со летниковец, прекрасна фонтана, дрвени клупи, лулашки, патеки за прошетки кои се уредно осветлени со канделабри, а зелената површина, цвеќето и зимзелените дрвја се посебна бајка која со зборови неможе да се доживее, треба само да се види и ужива а со тоа да се зајакне и впечатокот за идеалното место за вас, вашите родители или блиски пријатели.

Објектот е во приватна сопственост и располага со над 700m2 станбен објект и над 600m2 дворно место. Сите простории се опремени по европски стандарди и правилник за установи за социјална заштита.

Ние во Вита-Ве ви нудиме:

• Трпезарија за добивање на сите оброци во текот на денот
• Исхрана-3 главни оброка со ужина помеѓу нив
• Фризерски и козметички услуги, педикир и маникир
• Културно забавна програма
• Топла и пријатна домашна атмосфера
• Социјална грижа
• Фискултурно рекреативни вежби (активни и пасивни)
• Одбележување на разни пригоди-родендени, слави, Нова година, Бадник, Божиќ
• Посета од културни друштва и оркестри, О.У. со различни програми и приредби
• Туристички посети на места по нивен избор
• Консултации од лекари со различна специјалност-стоматолог, интернист, лекар од општа пракса, лабораторија, невропсихијатар, уролог.
• Располагаме со еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби опремени со:

засебен туш, ТВ, СОС, централна климатизација, кревети со механизам на положба, различни ортопедски помагала и душеци, пространа трпезарија, неколку дневни соби за релаксација, направи за физички активности, лифт за транспорт на лица, прекрасно дворно место за прошетки, дневни активности и дружење.

Дозволете си и вие да бидете дел од нас каде што ние ја знаеме тежината на староста, да не бидете сами и осамени, повелете во нашата установа и заедно да чекориме по патеката на златното време.

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ ПО ПРАЗНИЦИТЕ

Зошто Вита Ве?