,

COVID-19, бременост, породување и доење

Дали COVID-19 носи поголем ризик кај бремените жени?

Моментално се истражува влијанието на COVID-19 инфекцијата кај бремените жени. Нема многу податоци, но до сега не е докажано дека ризикот од тешка форма на болеста кај нив е поголем, отколку кај општата популација.

Сепак, познато е дека бремените жени можат да бидат сериозно засегнати од некои респираторни инфекции, како последица на промените во организмот и имуниот систем. Затоа е важно тие да преземат мерки на превенција за да се заштитат од COVID-19, и да ги пријават евентуалните симптоми (треска, кашлица или потешкотии во дишењето) кај нивниот доктор.

Бремена сум. Како можам да се заштитам од COVID-19?

Бремените жени треба да ги преземат истите мерки на превенција од COVID-19 како и сите останати. Може да се заштитите преку:

  • Често миење на рацете со дезинфициенс на база на алкохол или сапун и вода.
  • Одржување на дистанца од другите и избегнување на метеж.
  • Да не се допираат очите, носот или устата.
  • Практикување на респираторна хигиена. Ова значи покривање на устата и носот со свиткан лакт или марамче, кога кашлате или кивате. Веднаш фрлете го искористеното марамче.

Ако имате треска, кашлица или потешкотии со дишењето, веднаш побарајте медицинска помош. Најавете се телефонски пред да одите во здравствената установа, и почитувајте ги насоките од лекарите.

Бремените жени и жените кои неодамна се породиле, вклучувајќи ги и тие со COVID-19, треба да ги реализираат своите рутински прегледи.

Дали бремените жени треба да бидат тестирани за COVID-19?

Според препораките на СЗО, на бремените жени со симптоми на COVID-19 треба да им се даде приоритет за тестирање. Доколку се утврди COIVD-19, можно е да им биде потребна специјализирана нега.

Дали COVID-19 може да се пренесе од мајката на фетусот или новороденчето?

Сѐ уште не е познато дали бремена жена со COVID-19 може да го пренесе вирусот на фетусот или новороденчето во тек на бременоста или породувањето. До сега, вирусот не е изолиран од примероци на амнионска течност или мајчино млеко.

Каква нега треба да биде на располагање за време на бременоста и породувањето?

Сите бремени жени, вклучувајќи ги и оние со потврдена или суспектна COVID-19 инфекција, имаат право на правилна нега пред, за време и после породувањето.

Ако се работи за суспектен или потврден случај на COVID-19, здравствените работници треба да ги преземат сите превентивни мерки за да го намалат ризикот од инфекција, вклучувајќи хигиена на раце и соодветна употреба на заштитна опрема како ракавици, наметки и медицински маски.

Дали бремените жени со суспектна или потврдена COVID-19 инфекција мораат да бидат породени со царски рез?

Не. СЗО советува царскиот рез да се изведува само кога е медицински оправдан.

Начинот на породување треба да биде индивидуален и да се базира на изборот на жената, заедно со гинеколошките индикации.

Дали жените со COVID-19 смеат да дојат?

Да. Жените со COVID-19 можат да дојат ако имаат желба. Притоа треба внимаваат на:

  • Практикување на респираторна хигиена за време на доењето и носење на заштитна маска;
  • Пред и по допир со бебето, рацете треба да се измијат;
  • Рутинско чистење и дезинфицирање на површините кои ги допира мајката.

Дали може да го допирам и да го држам моето новородено бебе ако имам COVID-19?

Да. Блискиот контакт и доењето помага во развојот на бебето. Треба да ја имате поддршката за

  • Безбедно доење со добра респираторна хигиена;
  • Држење на новороденчето;
  • Спиење во иста соба со бебето.

Треба да ги миете рацете пред и по секој контакт со бебето и да ги одржувате сите површини чисти.

Имам COVID-19 и не се чувствувам доволно добро за директно да го дојам бебето. Што можам да направам?

Ако не се чувствувате доволно добро да го доите Вашето бебе поради COVID-19 или други компликации, можете да го нахраните бебето со мајчино млеко и на други начини:

  • Измолзување на млеко;
  • Релактација;
  • Мајчино млеко од донор.

Како до идеална тежина: високо протеински диети наспроти високо јаглехидратни диети?

COVID-19, бременост, породување и доење