, , ,

ХРОНО ИСХРАНА

ШТО ВКЛУЧУВА ПРОГРАМОТ ЗА ХРОНО ИСХРАНА

БЕЗ ГОЛЕМА МАКА – СИМНЕТЕ ГО ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ!

ПРОГРАМ ЗА ХРОНО ИСХРАНА – “Како да јадеш, а да слабееш”

Програмот за хроно исхрана e базиран на основа на физиологијата, ендокринологијата, биохемијата и биофизиката, а е единствен во тоа што помага да се дојде до идеалната телесна тежина истовремено со постигнување на идеално здравје.

Хроно исхрана е режим на исхрана според законите на природниот ритам на лачење на хормоните и ензимите во нашиот организам. Потребно е секој човек одредени видови намирници да ги користи во различен дел од денот кога нивната искористеност за создавање енергија е највисока, а за формирање отпаден материјал е најмала.

Програмата за хроно исхрана овозможува за кратко време да ги научите принципите на здрава исхрана, правилен избор и комбинација на различните намирници и здраво да го изгубите вишокот на килограми.

ШТО ВКЛУЧУВА ПРОГРАМОТ ЗА ХРОНО ИСХРАНА

-Мерење на составот на телото на InBody анализатор (мерењето трае околу 50 секунди, се мери по долен веш, без накит. Трудници и лица со пејсмејкер на срцето не се мерат!)
– Одредување на интолеранција на намирници на MORA апаратот користејќи биорезонантен метод (без вадење крв). Мерењето трае околу 30-40 минути.
– Разговор со нутриционист и лекар-специјалист
– Препишување на одредени суплементи врз основа на Вашите индивидуални резултати – Неопходни се одредени лабораториски анализи, кои можете да ги направите во нашата биохемиска лабораторија со што добивате посебни погодности во склоп на целиот програм.

**На база на овие анализи добивате ваш личен нутриционистички план за исхрана.

Особено е важно што секој човек може навреме да се насочи кон правилен начин на исхрана, а заболените од најчестите болести на денешницата за 10 до 30 дена да ги намалат вредностите на холестеролот, триглицеридите и шеќерот.

Резултатите покажуваат 100% успех кај сите кои ќе се потрудат да ги научат основните правила на здрава исхрана.

Нема ограничување на калориите и количеството на храна, туку програмот се основа на принципот на гликемиски индекс и кисело-базичен режим. Најважно е времето на внесот и комбинацијата на храната.

И најдобро од сѐ е што резултатите од програмот за ХРОНО исхрана се трајни и никогаш не се јавува таканаречениот “јо-јо ефект” – враќање на веќе загубената телесна тежина, а здравствените пореметувања трајно се решаваат.

Програмот за хроно исхрана – др.Гифинг, ексклузивно за прв пат во Македонија се спроведува во Центарот за внатрешни болести ,,Срце” во Скопје, во кој ќе бидат ангажирани високо специјализирани стручни кадри, лекари – специјалисти и нутриционисти, како и примена на врвна технологија.


Апарати за ХРОНО исхрана

Во нашиот Центар за внатрешни болести СРЦЕ постојат неколку дијагностички процедури, кои се спроведуваат пред и за време на програмот.
– Првиот апарат, inBody 720, е софистициран апарат кој служи за сегментално одредување на составот на човечкото тело, колку содржи течност во клетките и вонклетките, како и севкупната течност во организмот кај човекот, понатака количеството на севкупните масти, како и мастите околу внатрешните органи изразено во килорграми, тежината на коскеноминералната маса, тежината на скелетномускулната маса, количеството на протеини во организмот, како и одредување на базалниот метаболизам. Од сите параметри, на крај се калкулира и здравствено-физичкиот score.
– Вториот апарат е Mora-Super, апарат со напреднат софтвер кој служи за откривање наинтолеранција на одредени храни, без анализи на крвта.
После оваа опфатна дијагностика, се применува индивуален програм на специјална исхрана со неопходна консултација на нутриционист и лекар-специјалист.

ИНТОЛЕРАНЦИЈА НА ХРАНА

ХРОНО ИСХРАНА