,

Кој е македонскиот производ за хидроизолација кој ги мери силите со светските системи

Хидроелсат е трајно еласитчен, меѓуслеон, двокомпонентен систем за хидроизолација.

W3.CSS
HalkBank

Иако ,,влажните соби” (пр. бањи, кујни)   зафаќаат помалку од 10% од просторот од површината на домовите, трошоците за годишно одржување на таквите ,,влажни соби” (пр. бањи, кујни)    може да варираат од 35-50% од вкупната цена за одржување , нормално во зависност од самиот објект.

Со помош на хидроизолацијата на ,,влажни соби” (пр. бањи, кујни) се осигуруваме дека хидроизолационите системи се применети на правилен начин и со комплетна посвета и внимание. Погрешниот избор и неправилна примена на хидроизолационите системи доведува до појава на прерани оштетувања и проток на вода и појава на влага, а самото исправување на проблемите доведува до зголемени трошоци, долготрајни процеси на реконструкција и реновација- што нормално ниикој од нас не би сакал да се соочи со нив.

Влагата е застапена насекаде и е опасност за секоја зграда, па затоа Хидроелсат нуди совршени решенија за да спречи навлегување на вода во која било форма. Нашиот производ гарантира долготрајни резултати на сите полиња на примена.

  • Хидроизолациски структури во контакт со земја (хоризонтално и вертикално)
  • Хидроизолациски покриви и други хоризонтални површини (тераси, балкони)
  • Реновирање на стари згради и историски знаменитости
  • Затнување на резервоари за вода, погони за преработка на вода и базени
  • Хидроизолација на ,,влажни соби” (пр. бањи, кујни)

Главната цел на поставките во хидроизолацијата во делот на мокрите чворови е да се намали движењето на водата низ подот или продорот на влагата низ ѕидовите и таванот.

Хидроелсат е трајно еласитчен, меѓуслеон, двокомпонентен систем за хидроизолација.

Се користи за хидроизолација на купатила, кујни, базени, резервораи за вода, шахти, подземни објекти, таложици, ѕидови од брани, рударски окна и други објекти во високо и ниско градба.

Правилно изведен, по препораките од производителот, материјалот штити од позитивниот и негативниот притисок на водата. Одличната еластичност и лепливост на материјалот овозможува премостување на пукнатини во подлогите.

 

Начин на апликација на Хидроелсат:

Хидроелсат  се нанесува на црвста, исчистена и обеспрашена подлога со тврда четка. Влажна подлога не пречи за нанаесување на материјалот. За работа се подготвува со мешање на компонентите А и Б во сооднос  2,5:1.

Во првиот слој се разредува припремениот материјал со 5-10% вода за подобро поврзување со подлогата. Вториот слој не се разредува со вода и се нанесува во спротивен правец од првиот, а да се постигне добро исполнување на двата слога и штитење од продор на вода.

Временото распојание помеѓу нанесувањето на втор и трет слој се движи од 6 до 12 часа во зависност од работната температура.

Потрошувачка: од 1 до 1,5 кг/м2 за двата слоја.

 

Пакување:

Во сетови во канти од 3.5кг и 14 кг кои служат за мешање на А и Б компонентите.

DAIKIN STYLISH НОВАТА СЕРИЈА НА КЛИМА УРЕДИ BLUEVOLUTION ДОСТАПНИ И ВО ПАКСОН ВО МАКЕДОНИЈА

Кој е македонскиот производ за хидроизолација кој ги мери силите со светските системи