,

Сава онлајн полиси за осигурување на ученици и студенти

Незгодите не може да ги предвидиме, но може подготвено да ги дочекаме.

Секој може да се повреди. На училиште, факултет, дома, шетајќи во парк, на роденденска забава… А, несреќните случаи се придружени со трајни последици и носат трошоци за лекување, боледување и друго. Сава осигурување е тука за да обезбеди нивно покривање.

Додека траат подготовките за новата учебна година, ве потсетуваме дека Сава осигурување ви овозможува онлајн купување на полиса за осигурување на ученици и студенти од незгода. Можете да се информирате за покритијата, а потоа да ги направите своите полиси од дома или седејќи некаде со мобилен во рака – преку интернет, за кратко време, во едноставна процедура и без комплицирани регистрации. Нема пополнување списоци, уплатници, чекања…само внесувате податоци и со еден клик стигнувате до полисата со која вашето дете ќе биде 24/7 осигурено од повреди и други несреќни случаи – во рамките на училиштето / факултетот или надвор од него.

Сите детали ви се достапни тука

*Сите онлајн полиси на Сава осигурување се купуваат едноставно и брзо, без регистрации, лозинки и со поддршка во живо од дежурни оператори.

www.sava.mk

Неколку совети кога кабината ќе зоврие на +70 C

Сава онлајн полиси за осигурување на ученици и студенти