, ,

Нови спортски содржини во СПOРТСКИ ЦЕНТАР ВАРДАР од Скопје

Рекреативна гимнастика – Развој на моторички способности – Карате До

ПРЕВЕНТИВА за лошо држење на телото кај децата и младината

Во ова време на современа технологија човекот е се поодалечен од посериозна физичка активност. Иако многубројни научни истражувања во пракса покажале дека физичката активност, со рационално водење на животот е еден од главните предуслови за развој и одржување на физичката и психичката здравствена состојба на човекот , сепак според најновите истражувања во нашата земја со организирана физичка активност се бави незначителен број од вкупното население што претставува сериозен проблем за иднината на младите генерации. Голем е процентот на загрижени родители кои се почесто се соочуваат со лошо држење на телото но и со сериозни телесни деформитети кај своите деца, што е директна последица на запоставување на физичката култура и бавењето со спорт. Факт е дека наставата по физичко и здравствено воспитување ја има во незначителен обем или некаде и воопшто непостои, особено кај децата од прво до петто одделение .Со вончасовни спортски активности се занимаваат многу мал процент од учениците и сето тоа заедно резултира со гојазност, голем број телесни деформитети и лошо држење на телото кај децата.

Извештајот од последниот систематски преглед кај учениците во основните и средните училишта сведочи за мошне сериозен број телесни деформитети кај децата. Имено, од 60.701 прегледан ученик, 11.013 или 18.1% се деца со деформитет на рбетниот столб, 10.888 или 17.9 % се со лошо држење на телото, 9.809 или 16.2 % се со деформитети на стопало, додека 5.407 или 8.9 % имаат проблеми со видот. Сведоци сме дека современите деца, особено во градските подрачја, често растат во опкружувања кои, во голема мера, се разликуваат од опружувањата во кои растеле постарите генерации. Главната разлика е во тоа што тие многу помалку време поминуваат на отворен простор, помалку се дружат со другите деца и многу време поминуваат покрај екраните на различните електронски уреди. Покрај телевизорите, тука се ДВД плеерите, различните конзоли на детски игрици, компјутери, таблети, смартфони и бескрајни содржини на интернет. За разлика од претходните генерации, денешните деца растат речиси комплетно во дигитално опкружување без редовно систематско занимавање со физичка активност.

Како влијае тоа врз нивниот развој?

Она што малку е познато во пошироката јавност претставува фактот дека, според релевантни стручни лица, мозокот на новороденото бебе е некоја врста на полупроизвод. За да се развива, мозокот мора да биде стимулиран. Кога одредените делови на мозокот се активни, бидејќи детето е ангажирано во некаква активност, во тие делови се зголемува бројот на врски меѓу мозочните ќелии. Доколку некои делови на мозокот не се стимулирани, тогаш во нив се намалува бројот на врски меѓу ќелиите. Не само дека мозокот се однесува економично, туку е и пластичен, бидејќи нема однапред зададена структура која е непроменлива, туку се менува во соглaсност со потребите – неуропластичност на мозокот.

Тоа значи дека структурата на мозокот на детето, во извесна мера, ќе зависи од воспитувањето, односно од видот на вообичаените активности на детето. Така, на пример, децата кои доволно се движат ќе имаат одлично развиени делови на мозокот задолжени за моторички дејствија и за нивна координација. Додека кај децата кои недоволно се движат и недоволно го користат своето тело, овие делови од мозокот нема да бидат развиени оптимално. Така што децата ќе се одликуваат со моторичка неспретност и трапавост.

Сето тоа значи дека родителското и општественото влијание се вградуваат во структурата на мозокот, така што некои научници го ословуваат како социјален мозок.

Во книгата на Гери Смол, насловена како “Интернет мозок“, се објаснува како денешните генерации кои растат и се развиваат во дигитално опкружување, стануваат некоја врста „дигитални доморотци“. Нивните мозоци се прилагодуваат на оваа врста на опкружување, што како последица резултира со неприлагодливост кон други врсти на опкружувања или реалниот живот. Според тоа, влијанието на дигиталното опкружување многу влијае на различните пореметувања кај децата а во прашање се пореметување на вниманието кај децата, импулсивност и неспособност за одложување на неисполнетата желба, недостаток на социјални вештини и некои облици на високофункционален аутизам, зависнот од компјутерски игри, социјални мрежи итн. Има многу причини родителите да превземат чекори кон повлекување на дигитални граници, додека општеството неодложно треба да овозможи поздрава алтернатива која се нарекува амбиент за здрав раст и развој на новите генерации преку систематско занимавање со спорт.

Каков вид на физичка активност да се одбере?

Активност каде надминувајќи ги физичките бариери, децата можат да се ослободат од разни ментални блокади. Активност каде преку серија на физички задачи кои се неопходни за детето да реши, како да добие една хармонична целина. Активност преку која истовремено ги подобрува когнитивните способности, активност каде стекнува способност за истакнување на позитивната страна на личноста итн. Предлагаме тоa да биде Рекреативна гимнастика или Карате до кои ги обединуваат сите овие активности.

ШКОЛА ЗА РАЗВОЈ НА МОТОРИЧКИТЕ СПОСОБНОСТИ (Возраст 4-7 год.)

Развој на моторички способности е психофизичка активност која содржи голем број на интересни вежби со инволвирање на мускулите на целото тело каде на децата им се дава можност преку повеќе справи да се стекнуваат со нови вештини и умешности.

Вежбите на гимнастичка база се дизајнирани како еден вид на забава па активноста не ја гледаат како спорт , туку како интересен тип на игра , во која учествуваат со своите врсници и неосетно ја развиваат својата моторика. Структурата на мозокот на детето, во извесна мера, зависи од воспитувањето, односно од видот на вообичаените активности.

Така, на пример, децата кои доволно се движат имаат одлично развиени делови на мозокот задолжени за моторички дејствија и за нивна координација. Додека децата кои недоволно се движат т.е недоволно го користат своето тело, овие делови од мозокот кај нив нема да бидат развиени оптимално и ќе се одликуваат со моторичка неспретност и трапавост.

•ШКОЛА ЗА РЕКРЕАТИВНА ГИМНАСТИКА (Возраст 7-14 год)

Рекреативна гимнастика е психофизичка активност која содржи голем број на мошне интересни вежби со инволвирање на мускулите на целото тело, и бидејќи истите треба да се извршат од страна на децата, дадените вежби се претставени како еден вид на игри и забава. Затоа децата гимнастиката не ја гледаат како спорт, туку како интересен тип на игра, во која учествуваат со своите врсници.

На децата им е дадена можност на многу справи да ги тестираат своите вештини и умешности.Ако се гледа од здравствен аспект гимнастиката дава голем придонес за здравјето на детето. Истиот се користи за отстранување на постојните и спречување на зголемувањето на бројот на деформитети. Бидејќи многу деца денес имаат проблеми со рамни стапала, искривување на ‘рбетот и дебелината, важно е да се истакне дека гимнастиката помага да се елиминираат овие проблеми, детето да биде поздраво и поспособено.

Бидејќи децата додека растат имаат тенденција на падови и повреди, па така гимнастичките вежби ги наведуваат на тоа како да бидат подготвени да се дочекаат на нозе и раце, без никакви посериозни повреди.Исто така, ако се присутни кај детето на пример стравот од височини ,повлеченоста ,несигурноста во себе итн, гимнастиката е добар пат за надминување на овие состојби.Поради надминатите сопствени стравови и справување со фактот дека границата на издржливоста може да се помести, детето станува послободно и поподготвено за предизвиците што ги носи животот.

•ШКОЛА ЗА КАРАТЕ ДО (над 7 год возраст)

Карате До школата на ШКК Вардар работи по програма за развој на моторичките способности кај децата од школска возраст. Низ методата на игра и забава како основно средство на работа ги запознаваме децата со разни вежби на елементарни движења.

Преку разни облици на трчање ,одење , скокови, ползење, качувања, протнувања како и употреба на разни реквизити во индивидуална и групна работа ,ја постигнуваме нашата стратешка цел која е фокусирана кон : развој на моторичките способности , функционалниот и психолошки статус на децата во школската возраст.

Во рамките на Карате До школата на ШКК ВАРДАР предвидени се викенд излети, јавни настапи во рамките на разни приредби,соработка со други клубови од Македонија и странство.

Инаку ШКК ВАРДАР е еден од ретките спортски колективи во Македонија со 52 годишна традиција помината во едукација на младите. Во долгата историја од школата на ШКК Вардар има излезено голем број на спортисти државни репрезентативци во разни возрасни категории со официјални домашни и меѓународни резултати.

Независно која од понудените активности да одберете ќе има посебен ефект кај вашето дете во смисол на: зајакнувањето на рацете и рамената, ориентација во просторот и времето, моторна интелигенција но и во смисол на зајакнување на волјата, упорноста, храброста, одлучноста, дисциплината, систематичноста итн.

Од аспект на развивање на способност : сигурно постепено ќе ја зголемуваaт концентрацијата, координацијата, флексибилноста, агилноста, брзината, силата, издржливоста, ќе развиваатат сигурно чувство на простор и време, динамичка рамнотежа, чувство за ритам, одлучност, храброст, разбирање на другите, трпение, посветеност, упорност, педантност, точност, анализираторски способности, општа интелигенција, задоволство да им помогнат на другите, и многу други нешта.

Големото искуство во работата со деца и возрасни на нашите стручни едукатори (Д-р. Назим Куртовиќ ; Проф.Д-р. Јован Јовановски ; Дипл.ек. Маргарета Куртовиќ ; Сања Влаисављевиќ ; Проф. Ленче Китановска и Сунај Демири) кои работејки посветено и со љубов, ќе направат вашите деца да го засакаат спортот и да станат психофизички здрави личности. Освен тоа преку редовните тестирања на физичките и функционалните способности и здравствената контрола (во завод за спортска медицина и институтот за физиологија) ќе допринесат заедно да го следиме развојот на вашето дете.

Просторот во во кој се одржуваат тренинзите е климатизиран, широк и чист. Постелен е со склопувачки душеци од 4 цм дебелина и опремен е со најсовремени реквизити за тренинг. Се наоѓа во строгиот центар на Скопје во деловната зграда на катната гаража Разловечко востание наспроти ТЦ Соравија или Работнички универитет Кочо Рацин.

Контакт на Tел. 070/262-307; 078/291-904; 070/219-361; 070/219-361

Немате простор за 2,3,4,5 надворешни единици – Паксон има совршено решение DAIKIN мулти сплит систем

Нови спортски содржини во СПOРТСКИ ЦЕНТАР ВАРДАР од Скопје