,

Совети од MyMarketing

Дали сте учеле дека левата страна на нашиот мозок се грижи за логички функции, додека десната страна се грижи за креативните функции но секогаш доминира едната страна, означувајќи те како логично или креативно човечко битие.

Да, двете хемисфери имаат две различни цели но сите ние сме родени со двете способности и можеме да ги развиеме и двете. Така е и во маркетингот, замислете две човечиња на Вашите рамена, во овој случај не се ангел и мало ѓаволче, но нешто слично дефинитивно би можеле да преставуваат.

Едната страна полека и логички си размислува, додека другото креативно човече си мрмори мистериозно и “одеднаш” одговор во свеста, ја имаш комплетно реализирано маркетинг идејата. Сето ова е поврзување на точки, направени во позадина на нашиот ум. Еден од најкреативните луѓе во историјата, Шекспир, сепак бил раскажувач ни повеќе ни помалку туку на кралското семејство,знаел да ја спои својата уметност со она што логички му било потребно за да ги исполни своите егистенцијални прашања.

Друг пример е и една од најпознатите реченици на Picasso ”Кога веќе сум уметник ќе морам да станам Picasso”.

Во нашиот тим за среќа ги имаме и двете функции на располагање, и секогаш кога едниот логичен дел работи, синхронизирано ја бараме личноста во канцеларија во која е присутен моментот на мистериозно и креативно мрморење, така се надополнуваме во случај да сме категоризирани само како логични или креативни луѓе.

Ова е нашиот начин секогаш да имаме добра и издржана, разумна и креативна маркетинг идеја.

 

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Што е R32?

Совети од MyMarketing