, , , ,

За јасен вид – ласерско отстранување на диоптријата

1.Каква промена предизвикува прекршувањето на светлосните зраци врз нашите очи?

-Прекршувањето на светлосните зраци или рефракција ја дефинира вкупната диоптриска јачина на нашите очи. Светлината навлегува во окото и се прекршува во мрежницата. Битно е да се истакне дека рефрактивната мана на очите не е болест. Тоа е всушност анатомско отстапување од нормалното и популарно се нарекува диоптрија. Ако сликата доаѓа во фокусот во предниот дел на мрежницата, ова се нарекува миопија или минус диоптрија, при што лицето е кусовидно – можност да се види појасно во близина растојание отколку во далечина. Ако сликата доаѓа во фокусот зад мрежницата, состојба наречена хиперметропија или плус диоптрија, кога лицето е далековидно и има можност за подобро да види на далечина отколку блиску. Друга рефракциска грешка е и цилиндер или астигматизам каде постои неправилна закривеност на рожницата. Притоа, отстапување во должина на окото од само еден милиметар повлекува со себе околу 3 диоптрии. Корекцијата на овие рефракциски грешки се постигнува со носење корективни очила, контактни леќи или ласерско отстранување на диоптријата.

2. Дали секој што има желба да не носи очила може да направи ласерска корекција?

-Во Европската очна болница на прво место ни е сигурноста и потполната сатисфакција на пациентите по ласерската интервенција. Ласерската рефрактивна хирургија не е погодна за секого и успешноста на интервенцијата зависи од повеќе фактори кои мора детално да се испитаат пред интервенцијата на подготвителниот преглед. Иако најголемиот број на пациенти е погоден за ласерска интервенција, дури и тие со висока диоптрија, очниот лекар може да одлучи да не ја прави ласерската корекција доколку смета дека исходот не е сигурен и ако постои можност од појава на компликации. Постојат одредени услови кои мора да бидат исполнети за да можеме да предложиме корекција на диоптријата.

3. Што претставува идеален кандидат за ласерска корекција на диоптријата?

-Ако зборуваме за рефрактивна аномалија на очите, тогаш тоа се сите пациенти кои се доволно мотивирани да не носат очила од објективни или субјективни причини, а притоа да задоволуваат одредени медицински критериуми на безбедност. Во конечната одлука за овој вид интервенција, покрај диоптријата, битна улога игра и начинот на живот и професионалната ориентација на пациентот. Има одредени професии каде носењето на висока диоптрија значително го намалува квалитетот на работа.

4. Која возраст е погодна за ласерско отстранување на диоптријата?

-Пациентот мора да има повеќе од 18, односно 20 години, и да е поминат периодот на растење. Не се препорачува да се прави кај деца во развој, бидејќи диоптријата се уште варира и може да дојде до промени по направената интервенција. Внимаваме и диоптријата да е стабилна последните една до две години.

5. Покрај возраста, дали има други критериуми кои треба да бидат исполнети за да биде пациентот соодветен кандидат?

-Апсолутно треба да внимаваме на здравјето на рожницата, нејзината транспарентност и дебелина. Нормално рожницата е околу 500 микрометри, односно пола милиметар. Се што е помалку од тоа носи одреден ризик од успешноста на интервенцијата на подолг временски период. Исто така, дебелината на рожницата игра улога колку диоптрии можеме да отстраниме со ласер. Покрај рожницата, се прави детален преглед на окото. Доколку се открие некаков проблем, особено на ретината кај високи кратковидости, се прави заштита на периферијата на ретината со друг вид на ласер пред да се планира корекција на диоптрија.

6. Дали секоја диоптрија може да биде отстранета со ласер?

-Кратковидоста може да се намали до околу минус 12 диоптрии, далекувидоста до плус 6, а астигматизмот до плус 6 или минус 6 диоптрии. Но како што спомнав, колку диоптрии ќе можат да се коригираат зависи од дебелината на рожницата и ќе се отстранат диоптрии кои се безбедни за окото. Во секој случај претходно му се објаснува на пациентот за очекувањата во однос на постоперативната диоптрија и се договараме што е најдобро да се направи. Секој случај е индивидуален и кон секого пристапуваме селективно и со детаљно објаснување.

7. Кои методи се применуваат при оваа техника и дали ги има во Вашата болница?

-Во нашата болница се прават сите методи на ласерско отстранување на диоптријата и тоа ЛАСИК, ПРК и во последно време ПРЕСБЅЛАСИК за отстранување на диоптријата за блиску. ЛАСИК е метода која се прави во локална анестезија, само со капки. Целата интервенција трае 15-ина минути на двете очи и не е болна. Самиот ласер се аплицира неколку секунди. Притоа пациентот гледа во зелено светло кое трепка и не треба да се грижи дали случајно ќе го помести окото бидејќи ласерот има свој еѕе-трацкинг систем кој ја следи зеницата и компјутерски ги насочува зраците. Доколку настане поголемо движење на окото, ласерот се исклучува и така не можат да настанат грешки. Најчесто се прави на двете очи во исто време. По 3-4 дена пациентите се враќаат на секојдневните активности. За разлика од ЛАСИК методата која се прави со формирање на “флеп” или “капаче” на рожницата, ПРК-методата се изведува со отстранување на епителот на рожницата и потоа се аплицира ласер. Се прави во локална анестезија со капки. По направената интервенција се става заштитна леќа која по еден ден се отстранува. Која метода ќе се одбере зависи од диоптријата која пациентот ја има и од дебелината на рожницата..

8. Колку е подносливо изведувањето на овие методи? Дали предизвикува болка?

-Во денешно време е можно да се направи прецизно и безболно отстранување на диоптријата за блиску, што до скоро не беше можно да се направи. По тоа сме единствени во регионот. Ласерот со својот зрак прави 5 концентрични кругови на рожницата, точно пред зеницата. Така се овозможува јасно фокусирање на сликата за блиску, но не влијае на видот во далечина. Интервенцијата трае 10-ина минути по око, а аплицирањето на ласер е околу 20 секунди. Има голема заинтересираност за овој тип на ласерска интервенција бидејќи многу го олеснува секојдневното темпо на живот и го подобрува квалитетот на видот.

9. Доколку се одлучам за интервенција дали се потребни дополнителни испитувања?

-Во Европската очна болница располагаме со најсовремена апаратура потребна за прецизно предоперативно мерење. Прво се мери диоптрија со автокераторефрактометар, се одредува најдобра корекција на острина на вид, преглед со биомикроскоп, снимање на топографска мапа на закривеност на рожница со Орб-скен, мерење на дебелината на рожницата со ултразвучен пахиметар, ОЦТ одн. оптичка кохерентна томографија на преден сегмент, спекуларна микроскопија, мерење на солзен филм и преглед на широки зеници со Волк лупа.

10. Дали може да Ви се обратиме за совет доколку имаме дилема дали сме вистински кандидати за ласерско отстранување на диоптријата?

-Ласерската корекција на диоптријата е постапка со која се подобрува видот и се овозможува да не мора да се носат очила или контактни леќи. Нашите пациенти ни кажуваат колку им се подобрува квалитетот на живот по направената ласерска интервенција и дека требале порано да се одлучат на корекција на диоптријата. Можат да ни се обратат со потполна доверба. Мојот совет би бил да го сочуваат својот прозорец кон светот, бидејќи јасниот вид е најголемото богатство.

Хируршката интервенција на очните капаци (БЛЕФАРОПЛАСТИКА)

За јасен вид – ласерско отстранување на диоптријата