, ,

Хируршката интервенција на очните капаци (БЛЕФАРОПЛАСТИКА)

БЛЕФАРОПЛАСТИКА

Хируршката интервенција на очните капаци и не е толку комплицирана како што ја замислувате.Прим.Др-Добрила Андоновска од One Hospital ни одговара подетално на овие прашања.

Регијата околу очите е прв дел на лицето каде се манифестираат знаците на стареење. Кожата околу очите го губи еластицитетот, а мускулите го губат својот тонус и се опуштаат. На гoрните очни капаци се појавуваат преклопувања на кожата, во некои случаи и над ивицата на очните капаци, што води и до функционални пореметувања. На долните очни капаци настанува продлабочување на наборите. Бидејќи мускулите ослабуваат, масното ткиво кое ги држи очните булбуси во очните јами се пробива према напред и се појавуваат вреќички околу очите, со што лицето добива уморен изглед.

Што претставува блефаропластиката?

Блефаропластиката е хируршки зафат дизајниран за подмладување и враќање на младешкиот изглед на очните капаци, со враќање на волуменот и мазните контури на кожата. Корекцијата на горните очни капаци се изведува поради естетски причини, но исто така и поради функционални причини.

Блефаропластиката може да се изведува само на горните очни капаци, на долните очни капаци или на сите четири очни капаци.

Како би се избегнал неприродниот изглед, модерните зафати на очните капаци ги поништуваат структуралните промени во пределот околу очите, со помош на преместување на масното ткиво, со затегање на мускулите и отстранување на вишокот на кожата.

Како би се смалите малите брчки околу очите овој зафат може да се комбинира и со инектирање на ботулинум токсин.

Оперативен тек:

Операцијата се изведува најчесто во локална анестезија, но може да се примени интравенска или општа анестезија.

При оперативниот зафат на горните очни капаци оперативниот рез се врши во природниот преклоп на горниот очен капак, додека при блефаропластика на долните очни капаци резот е непосредно под трепките на долните очни капаци. Кожата се подига со подкожното ткиво, потоа се отстранувa или се врши транспозиција на вишокот на масното ткиво или мускулите.

По потреба можно е масното ткиво од долниот очен капак да се премести преку орбиталната ивица како би се корегирало вдлабнувањето под очите. Во некои случаи се врши и кантопексија /подигање и прицврстување на долниот очен капак, со помош на шав во аголот на окото/. Се отстранува вишокот на кожа и се прави сутура. При блефаропластика на долните очни капаци кога е потребно да се отстрани само масното ткиво тогаш зафатот може да се изврши од транскоњуктивна блефаропластика.

Компликации:

Компликациите после зафатот се ретки и занемарливи – хематом, оток, ектропионот може да се спречи со добро хируршко планирање и техники.

Постоперативен тек и опоравувањето после блефаропластика:

Постоперативниот период се карактеризира со незначителна болка, утрински отоци, модринки и чувство на затегање околу очите. Се препорачува, во првите неколку дена од постоперативниот период, главата да се држи во повишена положба, да се користат ладни облоги и да се употребува антиедематозна терапија. Шавовите се отстрануваат после 5-7 дена, а при интрадермален шав после 11 дена. Постоперативните хематоми (модрици) исчезнуваат после 2 недели, но во подолг временски период можна е појава на утрински отоци.

Пациентите можат да се вратат на своите вообичаени активности една недела после оперативниот зафат, со помош на корективна козметика.

Може ли блефаропластиката да се комбинира со други зафати?

Блефаропластиката може да се комбинира со хијалуронски филери, но филерите се користат само во комбинација со овој зафат, а не ја заменуваат блефаропластиката, тие само привремено може да ги камуфлираат вдлабнатините помеѓу долниот очен капак и образот, но со нивната апликација неможе да се корегира натеченоста на долните очни капаци или вишокот на кожата.

Неправилности во менструалниот циклус

Хируршката интервенција на очните капаци (БЛЕФАРОПЛАСТИКА)