, ,

Неправилности во менструалниот циклус

Каков тип на менструален циклус постои?

Првото менструално крварење се јавува најчесто околу 12тата година и се нарекува менарха или прв менструален циклус.

Нормален менструален циклус варира помеѓу 23-34 дена,а најчесто од 26-30 дена. Крварењето од матката обично трае 2-7 дена, а нормалниот губиток на крв за време на еден циклус е 25-40 мл, со горна граница од 80 мл крвозагуба. Жената најчесто има менструални циклуси до 50тата година , по што настапува менопаузата или климактериум, а означува состојба на отсуство на менструален циклус во тек на 12 последователни каленадарски месеци, а притоа за истото нема никава органска патолошка причина.

Се што отстапува од горедаведената дефиниција, подразбира абнормален ( неправилен ) менструален циклус.

Какви типови на абнормалности на менструалниот циклус постојат?

Здружението FIGO има малку поинаква препорачана терминологија и дефиниции за нормално и абнормално менструално крварење. Абнормалностите во менструалниот циклус се дефинираат како :

  • Аменореа – Отсуство на менструално крварење ,која може да биде Примарна – во случај кога не се појавило менструално крварење до 16-тата година и Секундарна –која претставува отсуство на менструално крвавење најмалку 6 месеци , а претходно постоело.
    Може да биде Олигоменореа – Менструален циклус на повеќе од 36 дена.
  • Полименореа– менструален циклус на помалку од 23 дена.
  • Менорагија – Регуларно крвавење, но попрофузно од нормално.
  • Метрорагија – Ирегуларно крвавење помеѓу менструациите.
  • Овулаторно крвавење– Крвавење во средина на циклусот, во време на овулацијата.
  • Пробојно крвавење– Крвавење во невообичаено време асоцирано со хормонска терапија или со хормонска контрацепција.

Кои се причините за појава на абнормален менструален циклус?

Неправилните менстрални крварења може да се резултат на некаква абнормална промена на самата матка како на пр: при постоење на полип, аденомиоза, леомиом , но и поради многу сериозна состојна како при постоење на малигнитет. Може да бидат и поради други причини како на пример кога има пореметена коагулација, но и поради хормонски причини,а се поврзани со јајниците , но и со другите жлезди во организмот како тироидната жлезда, во склоп на дијабет, итн. Може да се јави и како резултат на примање на одредени лекови , поради инфекција , зголемена телесна тежина, но понекогаш и не може да се открие причината.

Имено, може да се јави и крварење поради траума или повреда на гениталните органи како и последица на компликации поврзани со бременоста.

Какви испитувања е потребно да се направат кај жените со абнормално крварење?

Најпрво зависи од возрасното доба во кое се јавуваат. Па така доколку се јави крварење во детското доба, се прават испитувања за предвремен пубертет, потоа за можни инфекции , како и повреда или присуство на страно тело, но и да се напомене можноста за појава на малигно заболување и други системски заболувања.

Доколку абнормалните крварења се јавуваат кај жените во репродуктивното доба, најпрво е потребно да се исклучи бременост и малигнитет на гениталните органи, а потоа со помош на гинеколошкото ехо и лабораториските анализи – како на п.р хормони , па дури и киретажа , се прави евалуација со цел да се дефинира правиот третман.

По однос на постменопаузата секое крварење е апсолутно патолошки наод!

Како се третира абнормалното крварење?

Прво се утврдува причината која го предизвикува крварењето. Третманот може да биде медикаментозен , односно со земање на одредена терапија или аплицирање на посебна т.н. “спирала” во матката, но може да биде и хируршки.

Препорака

Секогаш кога забележувате било каква промена по однос на менструалниот циклус, потребно е да се јавите на преглед кај гинеколог.

Гинеколошките инфекции

Неправилности во менструалниот циклус