,

Зошто Американската Гимназија е вашиот избор?

AHSS back to school

Цел на Американската Гимназија Скопје е да ги подготвува учениците за усвојување на знаења и развивање на способности и вештини потребни за продолжување на школувањето во високо- образовните институции.

Оваа цел се остварува преку оспособување на младите за работа и живот во современото глобално општетство, со употреба на современа образовна технологија и употреба на современи наставни методи, техники и средства.

Гимназиското образование на Американската Гимназија Скопје е интегрирано во постојниот систем на средното образование и е еднакво на четиригодишното средно гимназиско образование во Република Македонија. Имајќи ги во предвид реалните услови (материјални, просторни, кадровски и други) наставните планови за гимназиското образование во Американската Гимназија Скопје опфаќаат заеднички општообразовни и изборни предмети, факултативна настава и воннаставни активности.

Што ја прави Американска Гимназија поинаква од останатите?

  • Академска програма приспособена на националните потреби, но воедно структуирана според меѓународни критериуми
  • Интерактивен и инклузивен начин на предавање преку употреба на техники за учење од светски реномирани универзитети
  • Настава на англиски јазик која води до конкурентност при упис на високообразовни институции во државата и странство
  • Врвен наставен кадар со долгогодишно искуство во работата со средношколци, но и искуство во академска средина
  • Можност за слушање на напредни академски курсеви кои се дел од наставната програма на универзитети кај нас и во странство (Pre-College Courses)
  • Можност за следење на програма за меѓународна матура (International Baccalaureate), како и предмети од напредно ниво (Advanced Placement Courses)

За повеќе информации кликнете тука.

Нови спортски содржини во СПOРТСКИ ЦЕНТАР ВАРДАР од Скопје

AHSS back to school

Зошто Американската Гимназија е вашиот избор?