, ,

5 придобивки зошто почесто треба да одите на масажа

Терапијата со масажа е една од најстарите методи на лекување и се смета дека се користи околу 5000 години. Корените на масажата потекнуваат од источно Кинеската култура, која уште пред 4700 години ја користела масажата за намалување на болката.

Во гробниците на Старите Египќани се пронајдени цртежи на кои е прикажана масажата. Во традиционалната Индиска медицина постои техника позната како Ayurveda која се практикувала со користење на различни ароматични масла. Дури и големите грчки и римски јунаци, често ја користеле масажата. Познато е дека Julius Caesar ја користел масажата за намалување на нервната напнатост и стрес.

Во западната медицина најпозната е Шведската техника на масажа. За прв пат е применета во 19 век. Шведските терапевти ги превзеле техниките на традиционалната Кина, Индија, Египет, Грција и Рим и ги приспособиле на потребите на современиот човек. Генерално гледано, ова е техника која најчесто се применува во западниот свет, а се користи за подобрување на циркулацијата, за релаксација, за намалување на болката и за подобрување на општата здравствена состојба на организмот.

Масажата не може да ги излечи сите болести, но таа може да ја подобри општата состојба на организмот, да ги намали постоечките тегоби, вклучувајќи ги тука и хроничната болка како и емотивните пореметувања кои може да се јават како последица на болката. Масажата може да го забрза процесот на заздравување.*

Масажата не е едноставно галење. Таа може да ве опушти на многу начини и да ве натера да се чувствувате како преродени. Но, масажата е корисна и за многу други причини. Погледнете зошто треба да ги искористите предностите на масажите почесто.

1. Масажата го прилагодува држењето.

Седењето на целиот ден, работата на компјутер и имобилизацијата доведуваат до нарушување на позата на телото. Со масажа ова нарушување се прилагодува многу успешно.

2. Помага за подобар сон.

По една долга опуштена масажа ќе заспиете како бебиња.

3. Ја смирува анксиозноста.

Масажата е едно од најдобрите средства во борбата против стресот, анксиозноста и загриженоста. Таа провоцира лачење на хормони на среќата кои ќе ве натераат да се чувствувате многу подобро. Освен тоа масажата го намалува крвниот притисок и пулсот.

4. Масажата ја потиснува главоболката.

Притискањето на одредени точки на телото кои се одговорни за главата, помага во потиснување на главоболката. Дури и да не сте специјалист по тој тип масажа ќе се справите. Дури и обично мачкање на рамената и грбот ќе помогне. Искористете ги предностите.

5. Масажите го подобруваат расположението.

Масажите можат да ви помогнат да го подобрите расположението, бидејќи ги намалуваат хормоните на стресот во телото. 30-минутната масажа ќе ви се одрази добро, ако секојдневнието ви е премногу тензично.

Ве очекуваме во Блисс Бјути Центар & Спа

Партнерство на ЕБОР со Шпаркасе Банка Македонија во финансирање енергетска ефикасност во домаќинствата

5 придобивки зошто почесто треба да одите на масажа