,

6 одлични МyMarketing факти со кои можете да создадете докторски маркетинг дисертации

Денес зборуваме за 6 одлични МyMarketing факти со кои можете да создадете докторски маркетинг дисертации, токму поради тоа што маркетингот е фасцинантно поле со избор на многу теми, кои често се преклопуваат една со друга и можат да бидат бесконечни…

Етиката во маркетингот

Маркетинг има таква моќ но и потреба да влијае врз однесувањето на луѓето.
Моралот, дали треба да се задржи или можете да скршнете од неговите ”стоги правила” и колку многу би си дозволиле?! Сигурно Ви текнува на маркетингот за брза исхрана во Соединетите Американски Држави – Дали можеби влијаеше во енормниот проблем кај тежината на оваа нација, што точно се случи со маркетингот за алкохолот, цигарите, модата…и уште безброј други индустрии во кои има интересни теми за разговор, токму поради огромното влијание.

Маркетинг и психологија

Деловното убедување 😊 Дефинитивно неразделно поврзани!

Колку пати сме добиле концепт за работа кои можеби бил и полош од сосема друг најдобро разработен маркетинг концепт кој не поминал толку значително добро, Основна подлога за почеток на работата – моќта на убедување, создавање на сигурна комуникација со клиентите но и потрошувачите!

Маркетингот во различни култури

Огромна разлика на маркетингот во различните култури, особено за дел од некои индустрии… сепак постојат места во кои не смеете ни да помислите да скршнете од ”стогите правила на моралот”.

Социјалните медиуми – најважен маркетинг канал
Неопходни за автоматизирање на маркетинг процесите, секогаш е подобра опција да ги користите пред се за подобрување на човечката интеракција во маркетингот!

Лојалност на брендот

Доколку го добиете ова од вашите клиенти тогаш сте завршиле огромна работа! Ви честитаме!

Со толку многу избор на располагање на потрошувачите, лојалноста кон брендот станува се потешка за воспоставување, но не дека не е возможно, сигурни сме дека секој од вас е лојален барем на еден бренд од дадена индустрија!

Амбалажа

Дали ова има најголем ефект врз продажбата на производите, и дали компаниите трошат екстремно големи пари за да развијат „совршено“ пакување за нивните производи, но и сведоци сме на обратната ситуација… често пати имаме и многу добар производ со страшно лошо пакување – секој што работи во маркетинг или на било кој начин е дел од оваа индустрија верувајте жали за оваа ситуација. Тотално лошо решение за пласирање на производ.

Тимот на My Мarketing 💙
https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mydigitalworld.mk/
https://mymarketing.com.mk/?page_id=84
https://www.instagram.com/mymarketing.mk/

Осигурување на домаќинство

Осигурување на домаќинство

6 одлични МyMarketing факти со кои можете да создадете докторски маркетинг дисертации