,

ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ СВЕТЛА

Избегнете ги најчестите проблеми при изборот на несоодветни автомобилски светла, односно фарови.

Овој совет ќе го посветиме на автомобилското осветлување, односно на предните фарови кои се многу значајни за безбедноста на возачот, и истите треба да ги замениме во случај на оштетување. Доколку веќе имате соодветна полиса за осигурување, при оштетување на овие светла нема да доживеете финансиски удар, но во спротивно оштетувањето на фаровите може да биде значаен трошок (особено ако истите се “Xenon” или ЛЕД светла). Во тој случај кај повеќето сопственици на возила цената е пресудна при изборот на светла, особено затоа што мислат дека тука не постои значајна разлика во квалитетот. Но, тоа не е точно. Светлата на одредени производители може да чинат и половина од цената на оригиналните светла, но тука би сакале да ве информираме за некои потешкотии што би можеле да се појават кај тие светла:

  • Често светлосниот сноп на овие светла е лошо распореден или распрскан, што резултира со недоволно осветлување на патот;
  • Светло од таков тип е речиси невозможно правилно да се монтира и да се вгради на вистински начин, затоа што димензиите на лежиштето не одговараат и не се наменети за таков тип на фарови,
  • Металниот дел во параболата на светлото многу брзо (во рок од една до две години) може да го изгуби сјајот, со што драстично се намалува и интензитетот на светлината;
  • Доколку светлата не се добро монтирани може да дојде до:
  1. 1Појава на кондензација во светлото,
  2. 2Дополнителна забрзана деградација на метален слој во параболата,
  3. 3Складирање на ѓубре, а со тоа  и магла на внатрешната страна на светлото.

Сето ова дополнително ја намалува јачината на светлината.

КАКВИ СВЕТЛА ДА ИЗБЕРЕМЕ?

Најдобар избор на светла се фаровите од познати произведувачи, затоа што тие гарантираат соодветно осветлување и долг животен век. Само доколку се работи за постар, веќе амортизиран автомобил, кој планирате да го користите краток период, тогаш размислите за некои други, поефтини и помалку квалитетни светла. Секако и тие светла треба добро да се проверат пред да ги купите.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

БРИШАЧИ: КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НИВ И КОГА ДА ГИ ЗАМЕНИТЕ?

ОДРЖУВАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИТЕ СВЕТЛА