,

БРИШАЧИ: КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НИВ И КОГА ДА ГИ ЗАМЕНИТЕ?

Деновиве сме сведоци на врнежливо време, а бришачите се еден од најважните фактори за безбедно возење при отежнати временски услови, како врнежи од дожд или снег. Добрата видливост и прегледност се предуслов за избегнување на сообраќајни незгоди. Бришачите ја отстрануваат прекумерната вода, снег и прашина, спречуваат акумулација на нечистотија на  ветробранското стакло и овозможуваат добра видливост. Траењето и функционалноста на бришачите во голема мера зависи и од квалитетот на гумата на четкичката на бришачот. За време на врнежи од дожд или снег, тие мора да извршуваат голем број на движења, поради што се подложни на механички оштетувања. Иако овие оштетувања може да бидат микроскопски, бришачите сепак нема да чистат добро, а постои можност да го оштетат и стаклото. Покрај тоа, гумата за бришачот брзо застарува и станува крута.

Кога е време да ги замените бришачите?

Експертите велат дека бришачите треба да се менуваат на годишно ниво или штом забележите некој од следниве знаци: бришачите оставаат линија, прескокнуваат или чкрипат, гумите се крути, испукани или оштетени.

Има повеќе фактори што предизвикуваат оштетување кај бришачите:

– Гумичките на бришачите може да се оштетат доколку се користат на заледено стакло, наша преопрака е  користење на течност за таа намена со цел одмрзнување на замрзнато ветробранско стакло.

– Оштетување на бришачите се предизвикува и со користење на истите на суво стакло. Помеѓу гумичките и стаклото доаѓа до силно триење кое ја уништува гумата. Доколку сакате да го исчистите ветробранското стакло, прво активирајте ги прскалките за течност и  миење на стаклото. Гумичките се оштетуваат и од киселините кои ги испушта  птичјиот измет.

Оштетените бришачи можат да предизвикаат поголема штета.

Ако бришачите се оштетени, лесно можат да предизвикаат штета и на ветробранското стакло. Доколку гумичките на бришачите се застарени и крути на стаклото предизвикуваат микро-гребнатини, што може да предизвикаат пречки во видливоста, особено при сончево време. Од тие причини препорачуваме редовно сервисирање и замена на бришачите, затоа што оштетеното стакло не може да се исполира.

Како да се одржуваат бришачите?

Важно е редовно да се отстранува нечистотијата која доаѓа од патиштата, а особено птичјиот измет и инсектите што се лепат на стаклото. Кога го перете автомобилот, бришачите пребришете ги со мека крпа или сунѓер. Летно време треба да внимавате гумичките на бришачите да не изгорат. Ако автомобилот подолго време е изложен на сонце подигнете ги бришачите, истото важи и за зимно време, практикувајте бришачите да се подигнати како не би замрзнале за стаклото.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ДАЛИ ЗНАЕТЕ БЕЗБЕДНО ДА ГО РАСПОРЕДИТЕ БАГАЖОТ ВО ВАШИОТ АВТОМОБИЛ?

БРИШАЧИ: КАКО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НИВ И КОГА ДА ГИ ЗАМЕНИТЕ?