,

Гаранција за безгрижни зимски патувања

АМСМ мобилна апликација

Велат највредното нешто на денешницата е информацијата. Вистинските информации во вистинско време значително можат да ви олеснат животот. Некои од нив ќе ве збогатат, некои ќе ве спасат од банкрот, а оние кои ние за вас ги собравме на едно место, ви гарантираат безгрижни зимски патувања.

Каде и да патувате оваа зима, токму вакви, вредни и корисни информации на само еден допир можете да најдете во бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за „паметни“ телефони.

Состојба на патишта

Да ја проверите состојбата на патиштата пред да тргнете било каде е важно без оглед на сезоната, но заради временските услови е нужно кога патувате во зима. Со само еден допир преку иконата Состојба на патишта имате пристап до најновите дневни информации за состојбата на патиштата и граничните премини од страната на Р.Македонија, кои редовно се ажурираат согласно промените. Дополнително, во истата икона, ќе најдете и информации за патување во 30 европски земји, кои ќе ви помогнат соодветно да се подготвите за патување надвор од државата и да избегнете било какви казни заради кршење на сообраќајните правила и прописи.

Помош на пат во случај на дефект

Иако дефектите се последното нешто на кое размислуваме, сепак тие се случуваат почесто отколку што мислиме. Замрзнати брави на автомобилот, проблеми со стартување заради ниските температури, испразнет акумулатор или возило заглавено во снег се само дел од дефектите со кои можете да се соочите во зимски услови.. Во вакви и слични ситуации, било на територијата на Р.Македонија или надвор од неа, сѐ што е потребно е да ја изберете иконата Помош на пат и преку телефонски повик на 196 или преку СМС порака да пријавите дефект и да повикате помош на пат или шлепување. Притоа, запомнете дека услугите „шлепување“ и „помош на пат“ се бесплатни за АМСМ членови.

Симнете ја бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони и патувајте БЕЗГРИЖНО.

ЗИМАТА БАРА СЕРИОЗНИ ПОДГОТОВКИ НА ВОЗИЛОТО

Гаранција за безгрижни зимски патувања