, ,

Бесплатна зимска проверка на возило

Една од поволностите кои ги добивате како наши членови, е бесплатната зимска проверка на возило. Проверката вклучува бесплатни сервисни услуги кои ќе ви овозможат соодветна подготовка на возилото за новата, зимска сезона:

  • Проверка и замена на антифриз во системот за ладење;
  • Замена на филтер и масло во мотор;
  • Проверка на сопирачки и глицерин;
  • Проверка на акумулатор;
  • Проверка на предница и возна постројка;
  • Проверка на амортизери; и
  • Проверка на осветлување.

Во периодот на акцијата, добивате можност да заштедите со специјалните попусти за АМСМ членови:

АМСМ член можете да станете лесно и брзо. Со online опција за зачленување на следниот линк Зачленете се и уште веднаш можете да ја искористите зимската проверка која е бесплатна за АМСМ членови.

Бесплатната зимска проверка можете да ја искористите во АМСМ сервисот за автомобили во Скопје (Центар) и во Велес, во периодот од 01.11-15.12.2020 година, само со претходно закажување.

Закажување на 02/3181-181.

ЛИПОЛИЗА – процедура за топење и отстранување на несакани масни наслаги

Бесплатна зимска проверка на возило