,

ЛИПОЛИЗА – процедура за топење и отстранување на несакани масни наслаги

Липолизата е медицинска процедура за топење и отстранување на несакани масни наслаги на телото, побрадокот, надлактици, нозе, со помош на која можеме да го изменеме обликот на одредени делови на лицето и телото. Липолизата најчесто се применува на деловите од телото кои со упорно вежбање или диета не можат адекватно да се обликуваат. За липолиза се користат мезотераписки коктели кои содржат ензими. Со нивна примена активните состојки доведуваат до пукање на мембраните на масните клетки во третираната зона и до излевање на нивната содржина во околното ткиво. Оттука на природен начин преку крвотокот, мастите се транспортираат до црниот дроб и од таму се исфрлаат од нашиот организам. Важно е да се напомене дека со оваа процедура не се менува нивото на холестерол и триглицедиди во крвта.

Како изгледа третманот на липолиза?

Третманот на липолиза се состои во апликација на липолитик со тенки игли директно во масното ткиво на третираната регија. Должината на микро иглите е од 6-12 мм. Со соодветна анестезија во вид на спреј, самата апликација на липолитикот е скоро безболна, со мало чувство на пецкање. После процедурата околу 10 мин можеме да имаме чувство на пецкање, чешање, црвенило и оток. За два часа од третманот црвенилото се губи. Треба да бидеме спремни дека мал оток или хематом може да трае и до две недели после третманот. Наредните недели ако е работено подлабоко може да постои мала осетливост во третираната регија. Ефектот од третманот се согледува месец дена после апликацијата. Најчесто за саканите резултати потребни се 3-4 третмани. Третманот трае од 20-40 мин и овозможува веднаш враќање на секојдневните активности.

Липолизата е третман кој не е наменет само за луѓе со прекумерни килограми. Многу често и слабите луѓе имаат проблем со локализирани масни наслаги. Тоа е така затоа што без разлика на килограмите некои регии на телото се предиспонирани да акумулираат масни наслаги. Во нашата ординација освен на стомакот , задникот, надлактици, многу често работиме и липолиза на подбрадокот. Еден од проблемите кои ги мачи и жените и мажите се локализирани масни наслаги на подбрадокот. Со овие масти под брадата лицето ја губи контурата и добиваме впечаток на предвремено стареење. Можете да бидете на диететски режим, да вежбате и да губите од килажа, но на тој дел од лицето упорно да се задржуваат масните наслаги. До скоро овој проблем се решаваше само по хируршки пат. Но, со напредокот на естетската медицина овој проблем успешно го решаваме со липолиза. Третманот овде е безболен, затоа што се изведува со микро игли, тенки во должина од 4-6 мм комбинирано со дермапен. Со овој третман се развива депото на масни клетки, се поттикнува детоксикацијата и се затегнува кожата. Во нашата ординација се изведени многу успешни третмани на липолиза на сите делови од телото и подбрадокот.

Д-р. Марија Караниколова

Како реагира секој хороскопски знак на студено време

ЛИПОЛИЗА – процедура за топење и отстранување на несакани масни наслаги