Ретчењето на влакното може да ви се случи во било кој период од годината и не е тесно врзано со возраста. Постојат жени кои уште од раѓање имаат проблем со тенка и ретка коса, како и такви кои во подоцнежниот период од животот се соочуваат со оваа состојба како резултат на различни фактори. Доколку сте дел од оние кои во моментов се соочуваат со проблемот наречен ретка коса, ова се неколку совети што ќе ви помогнат да ги вратите густината и сјајот.
Престанете со честото користење на фен и пегла
Каде грешите? Високата температура што ја произведуваат апаратите за третман на косата (фенови и пегли) ги оштетуваат протеините задолжени за изгледот на вашата коса, односно заштитните кутикули. Ако ги оштетите кутикулите, тогаш и поголеми се шансите влакното да се истанчи и да испука.
Што треба да преземете: Прво, намалете ја употребата на производи како фенови и пегли за обликување и сушење на косата. Особено сега, кога е топло, оставете влакното само од себе да се исуши, наместо постојано да користите фен. Апарати што произведуваат висока температура треба да се користат максимум два до три пати неделно. Ако веќе користите пегла или фигаро, тогаш нека бидат керамички.
Второ, заштитете го влакното пред да го изложите на висока температура. Во ова ќе ви помогнат специјално создадените спрејови кои се нанесуваат пред да ја сушите/обликувате косата.
Одберете соодветна фризура
Каде грешите? Фризурата е израз на личниот стил, но секако може да влијае врз танчење на влакното. Врз ова особено големо влијание има доколку косата ја носите затегната премногу често. Внимавајте, затегнувањето на косата може да доведе и до алопеција (ова е состојба во која фоликулите трајно се оштетуваат и влакното повеќе не расте).
Што треба да преземете? Доколку косата ја носите премногу често затегната, а забележувате дека косата во последно време ви е разретчена, тогаш решението е едноставно. Направете промена во стилот и дајте временски простор за да видите дали ова е причинителот на проблемот. Ако, пак, сè уште имате проблем со ретко влакно тогаш време е да почнете третман на влакното со соодветен производ.
Правилно третирајте ја мократа коса
Каде грешите? Грешката што најчесто ја прават речиси сите жени е што премногу остро ја тријат косата со пешкирот после миењето за да ја исушат косата побргу. Дополнително, не само што ја тријат со пешкирот туку и ја поминуваат со четка за да ја расчешлаат. На овој начин, косата е најизложена на кинење.
Што треба да преземете? Расчешлајте ја косата пред да ја измиете. Престанете со навиката да ја триете со пешкирот – наместо тоа фатете поголем дел од косата и држете го пешкирот за да ја впие водата.
Внесете промени во животниот стил
Каде грешите? Постојат голем број на грешки што жените ги прават секојдневно, а кои се одразуваат преку косата. На пример, еден од најчестите симптоми при нарушувања во исхраната (како што е анорексија) е опаѓање на косата. Исто, така стресот, неспиењето и несоодветната исхрана имаат придонес. Под несоодветна исхрана се подразбира недоволното внесување на протеините. Протеините се мошне важни за да имате силна и здрава коса.
Што треба да преземете? Регулирајте го спиењето, започнете со активности кои ве смируваат (пешачење, јога) и воведете здрав режим на исхрана. Ова значи дека во исхраната треба да вметнете производи богати со протеини како што се: пилешко, говедско, јајца, како и храна богата со Омега 3 масни киселини (авокадо, ореви).
ПАРУСАН – решението за тенко влакно и дифузно опаѓање
Ако сте дел од оние жени кои се соочуваат со тенко влакно и танчење на косата, неопходно е да го зајакнете влакното до самиот корен. Во тоа ќе ви помогне линијата ПАРУСАН составена од стимулирачки шампон и енергетски тоник. Оваа линија активно дејствува во спречувањето на тенка коса и дифузно опаѓање на косата (рамномерно опаѓање по целата глава). Стимулирачкиот шампон ПАРУСАН кој е наменет за секојдневна нега се нанесува на косата и се остава да отстои 2-3 минути, а потоа се исплакнува. За дополнување, се користи енергетскиот тоник кој се нанесува по миењето со нежно масирање на кожата на главата.
По тримесечен третман со линијата ПАРУСАН има значително повеќе фоликули во фазата на раст, што позитивно се одразува врз густината на косата.