,

Зимски чај – за комплетно уживање во зимските денови

Зимски чај - Алкалоид

Студените зимски денови се она време од годината кога најмногу се ужива во топлината на домовите, со шолја вкусен чај во раката и со топла прекривка. Оваа пријатна атмосфера често е надополнета со веењето на снегот, односно погледот кон прозероцот, кој ни дава вистинска зимска идила. Oсвен уживањето во својот дом, многумина им се препуштаат и на зимските спортски активности. Престојот на планина носи сосема поинакво доживување на снегот, па затоа и претставува неизбежен дел од зимската идила за вистинските вљубеници во зимата. Но освен убавите моменти, студените зимски денови често носат и настинки. Поради тоа се препорачува консумирање чаеви како природна и топла напивка, кои придонесуваат за задржување на доброто здравје во зима.

Алкалоид - Зимски чајЗимскиот чај на Good Nature претставува мешавина на билки, кои во својот состав содржат цвет од бозел, липа, тимјан, слатко дрвце и анасон. Се препорачува како превентивна напивка против настинки во ладниот зимски период, но и како чај што треба да се консумира во поголеми количини за време на самата настинка. Билките од оваа чајна мешавина имаат антисептични дејства, го олеснуваат кашлањето и дејствуваат благопријатно врз организмот. Така, билките бозел, слатко дрвце и анасон  го олеснуваат  искашлувањето, а доколку се работи за непродуктивна кашлица и придонесуваат за смирување на кашлицата . Тимјанот, пак, има дезинфекциски својства и дејствува силно антисептично врз целиот организам. Поради присуството на липа во Зимскиот чај, тој може да помогне и за намалување на зголемената телесната температура, која често се јавува како симптом при настинки. Овој чај има исклучителен, благ вкус, па пријатно дејствува и како благо енергетско средство.

Зимскиот чај ќе ве исполни со топлина и ќе ви помогне да останете здрави во ладните зимски денови.

КАКО СЕ ЛЕКУВА ФИБРОАДЕНОМ? – Проф. Д-р Зоран Спировски

Зимски чај - Алкалоид

Зимски чај – за комплетно уживање во зимските денови