Цицањето претставува природен рефлекс кај децата. Навиките како цицање на прст, користење цуцла или други предмети им овозможува на децата чувство на спокој и сигурност и претставува начин на осознавање на светот. Децата ја користат оваа навика за да се смират самите себе, а исто така им помага и во процесот на заспивање.
Како оваа навика влијае на забите на моето дете?
После никнувањето на трајните перманентните заби, оваа навика може да предизвика проблеми во растот и развојот на устата и поставеноста на забите.
Истото се случува и со користење на цуцла лажливка, но најчесто последиците од оваа навика се полесни за отстранување.
Главниот фактор кој влијае на степенот на малформации на устата и забите кои ќе се развијат поради оваа навика е се разбира интензитетот на цицањето.
Повременото и пасивно цицање на палецот имаат помала веројатност да развијат тешки вилични малформации, за разлика од агресивното и енергично цицање прст.
Кога децата престануваат со оваа навика? Како да му помогнете на Вашето дете да престане со оваа навика?
Во периодот помеѓу втората и четвртата година или периодот пред никнување на трајните заби, децата најчесто спонатно престануваат да ја користат оваа навика. Се разбира доколку забележите промени дури и кај млечните заби на вашето дете или сте загрижени за оваа навика најдобро е да посетите стоматолог.
Како да му помогнете на Вашето дете да престане со оваа навика?
- Постојано фалете го Вашето дете во периодите кога не ја практикува оваа навика.
- Децата најчесто го цицаат прстот кога се чуствуваат несигурно или неспокојно. Пробајте да ја пронајдете и отстраните причината за таа вознемиреност и неспокој.
- Кај постари деца, вклучете ги и нив во избирање на најсоодветен метод за запирање на оваа навика.
- Стоматологот може да ви помогне во охрабрување на Вашето дете да прекине со оваа навика, објаснуваќи ги последиците кои многу веројатно ќе настанат ако не се прекине.
- И за крај, народниот лек за оваа навика, предвидува преврзување на прстот со газа или премачкување со горчливи состојки (лута пиперка, ѓумбир).