Зошто да го одберете ПАКСОН, Home Comfort Expert Partner на Daikin?
Програмата Daikin Home Comfort Expert, оддава вредност на градење на долготрајни односи со потрошувачите, врз основа на доверба и кредибилитет.
Кога купувате Daikin производи, побарајте го логото на Home Comfort Expert. Daikin гарантира дека со избирање на нивните специјално избрани експерти ќе добиете:
- Најдобар совет за производите и нивните карактеристики
- Стручна инсталација и одржување на Daikin производи
- Најдобра гаранција и постгарантна услуга
- Најдобри понуди и цени кои другите Daikin претставници не можат да ги понудат
Ние, Паксон, како HCE партнери на Daikin, се трудиме да обезбедиме максимум ниво на услуга и поддршка, прилагодена на потребите на крајниот клиент. Овој сертификат е уште еден доказ за нашето долгогодишно искуство со производите и целата технологија на Daikin.
Обучени професионалци
Еден од строгите услови за Daikin Home Comfort Expert e учествo во континуирани обуки. Со посебни обуки и поддршка, обезбедени од Даикин, може да Ви понудиме ексклузивна услуга и персонализирана помош. Затоа не грижете се, вие сте на најдоброто можно место, кога станува збор за избор на решение за греење, ладење, климатизација и вентилација.
Изложбен салон Daikin
Нашите производи може да ги погледнете во изложбениот салон на ул. Загребска бр.28в, лок. 04 Скопје (Тел. +389 2 3109 998 | 76 360 654 ), каде што нашите колеги-експерти можат да Ви помогнат да го одберете вистинскиот производ.