,

АТЕСТ НА ВОЗИЛА СО ВГРАДЕН ПЛИНСКИ УРЕД

При вградување на уреди за погон возила на ТНГ (LPG) и КЗГ (CNG), неопходен е атест на возилото.

Процедурата за издавање на атест на возило со вграден уред на погон на ТНГ или КЗГ е следна:

  • По извршеното вградување на плински уред од страна на овластен монтажер, за возилото задолжително треба да се направи вонреден технички преглед, на кој се констатира преправката на возилото и се подготвуваат потребните документи во кои се забележува констатираната преправка.
  • Со овие документи сопственикот на возилото се упатува во Министерство за внатрешни работи каде врз основа на документацијата му се издава упат за атест на возилото во овластена техничка служба.
  • Во техничката служба, сопственикот на возилото задолжително ги приложува следниве документи:
    • Упат за атест од Министерството за внатрешни работи;
    • Потврда/монтажна табела издадена од овластен монтажер;
    • Сертификат за вграден резервоар;
    • Сертификат за испарувач/регулатор за гас;
    • Фотокопија од сообраќајна дозвола.
  • По извршениот преглед на возилото, на документацијата и на вградениот уред за возилото од страна на техничката служба, се издава Потврда за сообразност на преправено возило.
  • Со Потврдата за сообразност, документите се заверуваат во станица за технички преглед и со така подготвените документи сопственикот се упатува на шалтерот на МВР во станицата за технички преглед каде се изготвува нова сообраќајна дозвола со внесен атест на плинскиот уред.

Повеќе информации за атест на преправени возила можете да добиете во АМСМ Центар за возила на 02/2631-181.

БЕСПЛАТНА ЗИМСКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛО

АТЕСТ НА ВОЗИЛА СО ВГРАДЕН ПЛИНСКИ УРЕД