,

13 години Вита Ве го нуди најдоброто за вас и вашето здравје

Идејата за сместување во старечки дом е нешто што повеќето од нас не сакаат дури ни да го разгледаат на почетокот. Сепак, не можеме сите да понудиме домашна нега со полно работно време и целосно посветена грижа и нега како домовите за стари лица кои навистина можат да бидат најдобра опција кога на некого му е потребна 24-часовна, квалитетна нега и дружба.

Вита-Ве нуди пријатна, безбедна и пријателска средина, каде што старите лица можат да си ја задржат нивната независност, доколку тие сакаат, но имаат пристап до поддршка кога им е потребно. Приватната установа за грижа и нега на стари лица која функционира од 2008 год. како прва лиценцирана по сите стандарди и услови кои се потребни за едно старо лице да се чувствува среќно, задоволно и сигурно.

Со нашето 13 годишно искуство Домот Вита-Ве нуди 24/7 лична помош во домашна, релаксирана и сигурна средина.

  • Трпезарија за добивање на сите оброци во текот на денот
  • Исхрана-3 главни оброка со ужина помеѓу нив
  • Фризерски и козметички услуги, педикир и маникир
  • Културно забавна програма
  • Топла и пријатна домашна атмосфера
  • Социјална грижа
  • Фискултурно рекреативни вежби (активни и пасивни)
  • Одбележување на разни пригоди-родендени, слави, Нова година, Бадник, Божиќ
  • Посета од културни друштва и оркестри, О.У. со различни програми и приредби
  • Туристички посети на места по нивен избор
  • Консултации од лекари со различна специјалност-стоматолог, интернист, лекар од општа пракса, лабораторија, невропсихијатар, уролог.
  • Располагаме со еднокреветни, двокреветни и трокреветни соби опремени со:
    засебен туш, ТВ, СОС, централна климатизација, кревети со механизам на положба, различни ортопедски помагала и душеци, пространа трпезарија, неколку дневни соби за релаксација, направи за физички активности, лифт за транспорт на лица, прекрасно дворно место за прошетки, дневни активности и дружење.

Целта на нашиот дом е да се задржи квалитетот на животот на нашите корисници. Приватноста на нашите корисници е на високо ниво на нашата листа на приоритети.

Дозволете си и вие да бидете дел од нас каде што ние ја знаеме тежината на староста, да не бидете сами и осамени, повелете во нашата установа и заедно да чекориме по патеката на златното време.

Достоинство пред се!

Неотел со одлична можност за сите подджувачи на македонската репрезентација

13 години Вита Ве го нуди најдоброто за вас и вашето здравје