,

Аерозагадувањето влијае и на вашиот изглед

АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВЛИЈАЕ ЛОШО НА ВАШАТА КОЖА И ВАШИОТ ИЗГЛЕД

Сувост, брчки, црвенило и пигментација – сето тоа може да биде резултат на живеење во урбана средина, каде секојдневно доаѓаме во контакт со азот диоксид, озон, фини честички и други штетни материи. Загадувањето на воздухот влијае на нашето здравје, нашата физичка и емоционална состојба, но и на нашиот изглед.

Како да ја заштитите кожата?

Од неодамна, брендовите за убавина почнаа да воведуваат производи за нега на кожа подложна на штетни надворешни влијанија, не само за заштита од УВ зраците, туку и од аеорозагадувањето. Антиоксидансите, витамините, навлажнувачките и хранливите состојки во производите треба да ја заштитат кожата и да ѝ дадат здрав изглед. Целта на ваквите производи е да се создаде заштитна бариера и да се успори стареењето на кожата. Витаминот Ц и другите антиоксиданси спречуваат формирање на слободни радикали кои предизвикуваат оштетување на клетките. Аерозагадувањето, исто така, може да предизвика рецидиви на хроничните кожни заболувања.

Консултацијата со нашиот дерматовенеролог, д-р Екатерина Набакова од One Hospital, ќе Ви помогне за правилен третман на кожата во услови на загаден воздух и превенција на кожни заболувања.

Кои испитувања се потребни за дијагноза на црнодробна болест?

Аерозагадувањето влијае и на вашиот изглед