,

Автоматизацијата во домот пристигна и кај нас

Добредојдовте во Control4® автоматизација, решение за паметна автоматизација за домови и бизниси која ви овозможува интелегентна контрола на секој аспект од вашиот дом – од телевизори до термостати, брави за врати, до завеси – каде и да сте, со користење на еден едноставен интерфејс. Control4® решенијата го прават вашиот живот полесен, поефикасен и побезбеден.

Само замислете. Еден допир на вашиот таблет и филмот почнува, завесите се спуштаат, a сараунд звукот се пушта на совршенa јачина. Кога сонцето заоѓа, светлото на верандата се вклучува. А целата куќа се заклучува во 23 часот. Автоматски.

Замислите дека живеете во дом што ја слуша секоја ваша наредба… каде речиси секој уред и систем можат да се контролираат на далечина и целосно се автоматизирани.

Можете да го користите вашиот таблет за да го контролирате домашното кино, да ги придушите сијалиците, да пуштите греење и да го активирате алармот.

Коди e компанија која врши продажба на аудио и видео опрема од највисока класа. Професионални системи и производи. Комплетна интеграција на системи.

Уште од нашите почетоци во 1995 година КОДИ се издвои како лидер во областа на аудио и видео технологиите во Македонија. Веруваме дека клиентот може најдобро да го одбере вистинскиот производ кога има можност да слушне и види различни решенија во секојдневна околина.

Производите што ги нудиме се внимателно одбрани и имаат одличен однос квалитет/цена. За повеќето брендови сме директни застапници (Marantz, B&W, Rotel, Harman/Kardon, JBL, Loewe, Yamaha, Canton, AKG, McIntosh, Denon, AudioQuest, Proel,QSC), а за останатите сме дилери и системски интегратори.Нудиме широк дијапазон на услуги што би му помогнале на секој клиент. Нашиот технички персонал работи заедно со вас за да ви обезбеди квалитетни производи и инженеринг за секој ваш проект. Исто така, обезбедува услуги од областа на дизајнот и инженерингот, а нуди и техничка поддршка и одржување на опрема.

 

Маркетинг кој стекнува искуства

Автоматизацијата во домот пристигна и кај нас