Со првите зраци на сонцето и со топлото време речси и да не постои некој кој не посакува да има убав, здрав и темен тен.
Но, со децении е присутна дилемата дали сончањето е здраво или не?
Умереното изложување на сонце е значајно за правилен раст и развој на децата поради стимулативното дејство врз претворањето на провитаминот Д во витамин Д, за подобрување на симптомите на остеопорозата и за подобрување на расположението.
Прекумерното изложување на сонце е голем ризик за здравјето.
УВА- и УВБ- зраците индиректно влијаат врз добивањето бронзен тен, но воедно се и главните виновници за оштетувањето на кожата и за појава на еритеми, изгореници, темни дамки, предвремено стареење и на канцерогени промени на кожата.
Заштитете се од сонцето и во сенка и дури и кога е облачно.
Дури и кога сте во сенка треба да нанесете заштитен фактор. Штетните УВ-зраци се рефлектираат врз нас од околината, па сенката не обезбедува доволна заштита од сонцето. Истото важи и кога е облачно. Во зависност од дебелината на облакот, до 90% од УВ-зрачењето минува низ него. Затоа, не заборавајте да нанесете заштитен фактор.
Препаратите од колекцијата BLACK UP содржат комбинација на УВА- и УВБ- филтри, кои овозможуваат заштита од штетното влијание на УВ-зраците. Воедно, содржат и додатни компоненти кои го помагаат добивањето на посакуваниот бронзен тен и ја негуваат кожта.
СОВЕТИ:
- Најпрво се употребуваат препаратите со највисок заштитен фактор, а потоа факторот се намалува.
- Препаратот за заштита од сонце секогаш се нанесува 30 минути пред изложување на сонце.
- По сончањето користете BLACK UP млеко по сончање.
- Почитувајте ги правилата ако сакате убав тен.