, ,

Дијабетес-шеќерна болест и ризик за инфекција со коронавирус (COVID-19)

Ако имате дијабетес, не значи дека нема да имате квалитетен живот.

Што е дијабетес?

Дијабетесот е хронично заболување кое се карактеризира со зголемени вредности на шеќер (глукоза) во крвта. Нивото на глукоза во крвта е контролирано од инсулинот, хормон кој се создава во панкреасот. Задача на инсулинот е да помага во придвижувањето на гликозата од крвта во клетките, каде се разложува и се добива енергија.

Луѓето кои страдаат од дијабетес, независно од кој тип, имаат покачени вредности на глукоза, затоа што нивниот организам не може да ја пренесе глукозата во клетките. Причини за тоа може да бидат:

  • Недоволна продукција на инсулин од страна на панкреасот;
  • Нарушена реакција на клетките кон инсулин;
  • И двете причини истовремено.

Какви типови на дијабетес постојат?

  • Дијабетес тип 1 (инсулинозависен дијабетес)

Тоа е автоимуно заболување со можна генетска предиспозиција. Се јавува во која било возраст, но најчесто кај деца. Кај овој тип дијабетес панкреасот создава многу малку или воопшто не создава инсулин.

  • Дијабетес тип 2 (инсулинонезависен дијабетес)

Оваа е најчеста форма на дијабетес. Претежно ги афектира возрасните, но во последните години се јавува и кај помладите, поради прекумерно зголемување на телесната тежина

  • Гестациски дијабетес

Гестацискиот дијабетес се карактеризира со високо ниво на глукоза во крвта и се јавува во било кој период од бременоста, кај жени кои дотогаш не страдале од дијабетес. Оваа состојба мора да се контролира, бидејќи може да влијае врз нормалниот раст и развој на бебето. Околу 2-4% од трудниците се засегнати од гестациски дијабетес.

Кои се сипмтомите?

Најчести симптоми се:

Замор, зголемена жед, зголемен апетит, често мокрење, појава на метаболен синдром, губење на тежина, зголемен артериски притисок, чести инфекции, незараснување на рана, пореметување на видот и периферната циркулација, со промени на малите и големите крвни садови.

Како се лекува шеќерната болест?

Лекувањето на болеста е сложен, долготраен процес за кој треба да се ангажираат повеќе фактори (пациент, лекар, фармацевт, член од семејството).

Тој процес опфаќа промена на животен стил, диета – од намалување на тежината до воведување монотерапија, зависно од БМИ на пациентот.

Кај одредени пациенти се даваат лекови за зголемување на продукцијата на инсулин и намалување на гликемијата во периферија (Метаморфин), а кај други може и Сулфанилуреа или лекови кои не дозволуваат креирање на внатрешна гликемија или апсорпција на гликемија во цревата.

Ако сето ова на помогне да се постави гликемијата во граници на нормала, тогаш се воведува инсулинска терапија која може да биде со кратко дејство, средно дејство или со пролонгиран ефект.

Компликации:

-Акутни: хипогликемија, кетоацидоза, хиперосмоларна не-кетотична кома;

-Хронични: макроваскуларни, со промена на големте крвни садови (цереброваскуларни, кардиоваскуларни, периферноваскуларни на долните екстремитети) и микроваскуларни (ретинопатија, нефропатија, неуропатија-дијабетско стапало, дерматолошки промени).

Бидејќи ДИЈАБЕТЕСОТ спаѓа во хронични болести, се подразбира загриженоста околу инфекцијата со COVID-19.

Досегашната објавена литература укажува дека луѓето кои имаат шеќерна болест, посебно постарите од 65 години, и оние кои имаат лоша регулација на гликемијата имаат зголемен ризик од некои инфекции и често може да имаат лош исход. Исто така знаеме дека секоја акутна болест може да ја влоши регулацијата на шеќерот во крвта.

Коронавирусот може да предизвика потешки симптоми и компликации кај луѓето кои имаат дијабет, подеднакво како кај повозрасните луѓе, болните од други хронични болести (кардиолошки заболувања, хронични болести на белите дробови) и карциноми. Меѓутоа кај 80% од случаите, инфекцијата со COVID-19 завршила со блага клиничка слика, додека кај 15-20% од заразените имало потреба од хоспитализација. Поголем број од околу 98% на заразените луѓе преживеале.

Препорака

Секој пациент со дијабетес мора да се следи подолг период од доктор интернист, специјалист ендокринолог, во соработка со матичен лекар. Да се јавува на редовни контроли, со цел проследување соодветна терапија.

Придржувајте се на основните препораки за заштита од коронавирус!

Совети и препораки од Д-р Арбен Асани од One Hospital.

Што треба пушачите да знаат за COVID-19

Дијабетес-шеќерна болест и ризик за инфекција со коронавирус (COVID-19)