, ,

Доброволно приватно – здравствено осигурување од Триглав осигурување

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита.

Осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување

Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита, бидејќи, во случај на здравствени проблеми потребен ни е сигурен партнер.

Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени услуги, со кое што ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита.

Затоа, изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за вас и за вашите најблиски. Триглав Осигурување нуди можност за врвна заштита на вашето здравје, која што одговара на вашите потреби и на вашиот буџет, осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување.

Види повеќе за осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување тука

Осигурување на малигни заболувања

Пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување, покрај специјалистичко вонболничко и болничко лекување и осигурување на операции, вклучува и покритие за малигни заболувања. Со ова осигурување, пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав ги опфаќа сите заболувања кои најчесто го загрозуваат животот.

Што покрива ова осигурување?

Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.

Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа.

Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист.

Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија.

Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за психијатриски услуги.

Види повеќе за осигурување на малигни заболувања тука

Осигурување на операции

Доброволното приватно здравствено осигурување значи грижа за сопствената и иднината на вашите најблиски. Обезбедете врвна здравствена услуга, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје.

Доброволното приватно здравствено осигурување значи грижа за сопствената и иднината на вашите најблиски. Обезбедете врвна здравствена услуга, бидејќи ништо не е поважно од нашето здравје.

Осигурувањето на операции е дополнување на осигурувањето на вонболничко и болничко лекување и со него обезбедувате помош и поддршка во најстресните моменти во животот.

Види повеќе за осигурување на операции тука

Што е всушност здрава исхрана?

Доброволно приватно – здравствено осигурување од Триглав осигурување