, ,

ГРЧЕВИ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА! – Д-р Олгица Николовска (Специјалист Неонатол – Педијатар)

Нормална појава или причина за загриженост?

Инфантилни колики или грчеви кај новороденчињатанаречени уште како трименонски колики се дефинираат како напади на силен плач и немир прпратен со црвенило или перорално бледило на лицето и карактеристични движенја на ноџињата ата према стомакот (грчење).

Кога се јавуваат

Коликите најчесто се јавуваат пред втората недела од животот, а престануваат или нивниот интензитет се намалува со полни 3 месеци. Во првите 3-4 месеци од животот на бебето коликите (грчевите) се најчеста појава. Се јавуваат кај 20-40% од новороденчињата и тоа подеднакво често кај доените и кај бебињата на адаптирано млеко. Тие се случуваат наеднаш од “чиста мира” и траат и по неколку часа. Проследени се со неутешно плачење на бебето, вознемиреност, пореметување на сонот и исхраната, а нарушено е и расположението на целото семејство. Најчесто се јавуваат после пладне и навечер и тоа со поголем интензитет, а може да се јавуваат и преку цел ден и во текот на ноќта.

НОВОРОДЕНО БЕБЕ ВО ONE HOSPITAL – 14.04.2021

Дали се работи за болест?

НЕ! Грчевите не се болест туку нормална појава. Тоа е состојба во која децата се вознемирени и плачат , но воедно тоа се здрави деца и деца кои примаат храна и одлично напредуваат.

Кои се причините

Причините за појавата на грчеви на науката не и се целосно познати и точниот етиолошки фактор не е определен. Постојат неколку теории за настанувањето на грчевите:

-бебето не поднесува млеко,
-гастроинтестиналниот тракт не е доволно развиен па се јавуваат спазми,
привремен хормонски дисбаланс,
-бебињата цицаат многу бргу што води до полнење на цревата со воздух, нивно растегање и надуеност,
-преголема чувствителност на нервниот систем на бебето во однос на надворешната средина и прием на многу стимулации истовремено.

Моментално како најрелевантни се сметаат теориите за незрелост на дигестивниот и нервниот систем кај бебето, додека теоријата за влијанието на мајчината исхрана на грчевите кај бебето е застарена. Ова значи дека мајката може да јаде разновидна храна без притоа истата да е фактор за појава на грчеви кај бебето. Значи се работи за нормална развојна појава која бебето ја чуствува како нелагодност и грч. Се смета дека не е болка затоа што е докажано дека нивото на кортизол (хормон на стрес) кај бебињата кои имаат грчеви не е поголемо од кортизонот кај оние кои немаат.

Како треба да се третираат инфантилните колики (грчеви)?

Лекувањето на грчевите со лекови не е потребно.

Она што може да се сугерира и да биде од помош е:

  • Информирање на родителите за тоа што се инфантилни колики;
  • Мануелни масажи на стомачето на бебето;
  • Ставање на топла пелена и легнување на бебето на страна со свиткани нозе;
  • Редовно подригнување на бебето после секој оброк;
  • Ублажување на инфантилните колики со давање на пробиотици.

– Утврдено е дека бебињата кои имаат инфантилни колики имаат пониско ниво на пробиотиски бактерии во гастроинтестиналниот тракт, така што давањето на пробиотици доведува до колонизација и намалување на јачината или губење на грчевите кај бебето. Притоа треба да се знае дека пробиотикот нема несакани ефекти и се дава онолку колку што е потребно.

Давањето на препарати кои содржат симетикон не даваат значајни резултати и се применуваат онаму каде грчевите се последица од голтање на воздух.

Инфантилните грчеви се исто што и никнување на заби, проодување, прозборување – односно само уште една фаза во созревањето на вашето дете.

Д-р Олгица Николовска – (Специјалист Неонатолог – Педијатар)

Д-р Ермина Ејупи: Грижа на забите за време на бременост!

ГРЧЕВИ КАЈ НОВОРОДЕНЧИЊА! – Д-р Олгица Николовска (Специјалист Неонатол – Педијатар)