Не сокривајте ја вашата насмевка! Чекор по чекор до посакуваната насмевка без фиксни протези. Д-р Нина Митева како квалификуван ортодонтот врши неверојатни трансформации во насмевките на пациентите. Без оглед на тоа за кој тип на ортодонтски проблем се работи (криви или изротирани заби) , Д-р Нина го наоѓа соодветното решение и адекватната терапија за вашите проблеми и желби.
Најновите ортодонски третмани со прозрачните протези може да донесат до неверојатни трансформации на изгледот, како и многу други предности:
Прозрачните фолии се направени од невидлив, тенок материјал за исправување на забите. удобни, естетски и прифатливи за сите пациенти. Хигиената на забите како и исхраната со овие протези е без ограничување.
За сите кои сакаат да ги исправат своите заби,но не сакат или не можат да носат фиксна протеза-постои уште едно многу добро решение и за најпребирливите пациенти , а тоа се најновите ПРОЗРАЧНИТЕ ПРОТЕЗИ.
Уживајте во подобра насмевка Најочигледна корист на прозрачната ортодонција е да се биде во можност за подобра насмевка . Твојата насмевка ќе биде фантастична и луѓето сигурно ќе ја забележат.
Чуствувај се посамоуверено. Кога една личност изгледа добро, таа автоматски се чувствува подобро и посамоуверено.
Подобрување на целокупната орална функција. Забите во устата имаат различни функции: исхрана, говор, одржување на залакот и интегритетот на лицето и здравјето. Функциите се компромитирани, тие може да се обноват и подобрат со помош на прозрачната ортодонција.
Следат повеќе можности. Со самата корекција на насмевката ви се нуди повеќе шанси за добивање на посакуваната работна позиција и поголеми можности за напредување.
Ако сте заинтересирани за прозрачната ортодонција, Стоматолошката ординација Д-р Нина нуди различни опции врз основа на постоечката состојба на вашата насмевка. Ако копнеете за промена на вашата насмека , посетете ја ординацијата на Д-р Нина и дознајте повеќе…
Предности на “ прозрачната” ортодонција
Удобни при носењето
Поради удобноста при носењето и задоволувањето на естетскиот момент овој начин на исправување на заби се почесто се применува во светот, а сега се достапни и во Стоматолошката Ординација Д-р Нина.
За разлика од фиксната протеза, овие протези може да се ставаат и да се вадат во текот на денот. Иако е препорачливо да се носат што е можно повеќе време. Овие протези не се носат за време на јадење, што не ве ограничуваат во исхраната, за разлика од фиксните протези. Друга нивна предност е тоа што забите нормално се четкаат и се не видливи за разлика од фиксните протези.
Прецизна позиција
Прозрачните протези се поставуваат преку забите и продуцираат благи сили кои ги поместуваат забите во планираната насока.
Секоја фолија има точно утврдена задача и ги поместува забите за 0,25-0,3 мм. Секоја фолија е одговорна само за еден чекор во терапијата. Секоја фолија ги придвижува забите во прецизно планирана и дефинирана позиција. Придвижувањето на забите е планирано со компјутерска анализа.
После извршениот ортодонтски преглед на пациентот му се изработува план на терапија,за лекување и времетраење на истата.