Изопатијата претставува лечење на болести преку ниски развојни форми на самиот предизвикувач на болеста или преку користење на крајните продукти од самата болест, за разлика од хомеопатијата која почива врз принципот на сличност (слично со слично) и алопатијата, која почива врз принципот на спротивност (спротивно со спрoтивно).
Во сезоната на грипови и настинки избегнувајте антибиотици.
Изопатијата е многу стар начин на лекување која била применета уште од Хипократ. Во една од своите списи за „Деловите на телото на човекот“ тој ја дава следната констатација: „Vomitus vomitu currentur“, што значи: лекување на една болест преку материи кои се создаваат од самата болест. Со ова тој ја искажал суштината на изопатскиот принцип. Изопатските средства кои се користат во лечењето се добиваат од култури на микроби, вируси, бактерии, габи, секрети или патолошки екскрети и потоа се подготвуваат на соодветен начин. Постоеле многу обиди за ваков начин на лекување со векови наназад.
Во оваа форма на терапија станува збор за ненасилни процеси на промени, а не за процеси на уништување, како што тоа се прави со антибиотиците каде во најкус рок се уништуваат големи количини на бактерии чии што мртви тела потоа како т.н. ендотоксини создаваат голем број на негативни последици и несакани реакции. Наспроти тоа, може со примената на овој природен изопатски феномен без загрозување на интегритетот на микробниот екосистем на телото да се постигне голем терапевски ефект. Бидејќи овој начин на лечење е во хармонија со плеоморфниот принцип, кои постои насекаде во светот на микроорганизмите, се гарантира дека од оваа терапија нема негативни последици или реакции.
QUENTAKEHL D5 sol. – Sanum Kehlbeck
Хомеопатски антибиотик
Активна состојка
1 ml содржи: 1 ml Penicillium glabrum D5 dil.; 1ml=22 капки
Индикации:
Специфично ефикасен препарат во изопатска терапија на вирусни инфекции: laryngitis, bronchitis, sinusitis, pharyngitis, грипозни состојби, сите заболувања предизвикани од мешани инфекции и за интерпонирање кај други габични препарати при: мигрена, multiplex sclerosis, vertigo, Meniere синдром, Herpes zoster, за интерпонирање при уринарни инфекции и nephritis.
Својства:
Quentakehl, се добива од габата Penicillium glabrum, не е синтетски антибиотик, не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните појави какви што ги има при користење на терапија со антибиотици какви што се алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Quentakehl делува специфично кај сите вирусни инфекции.
Може да се користи заедно со Notakehl капки и капсули.
NOTAKEHL D5 sol. – Sanum Kehlbeck
Хомеопатски антибиотик
Активна состојка:
1 ml содржи: 1 ml Penicillium chrysogenum D5 dil. ; 1ml = 22 капки
Индикации:
Специфично ефикасен препарат во изопатска терапија на бактериски инфекции: angina tonsillitis, laryngitis, otitis, инфекции на урo-гениталниот тракт (cystitis, prostatitis, endometritis), пулмонални заболувања (asthma-bronchitis, bronchitis, sinubronchitis), neuritis, neuralgia, LWS синдром, кај појава на акни, при екстракција на заб, процеси во усната шуплина и заболувања на коренот на забот, за интерпонирање при терапија со други фунгални препарати.
Својства:
Notakehl, се добива од габата Penicillium chrysogenum, не е синтетски антибиотик, не содржи, ниту пак произведува пеницилинска киселина. Поради тоа ги нема типичните појави какви што ги има при користење на терапија со антибиотици какви што се алергии, оштетувања на црниот дроб, уништување на цревната флора и создавање на колонии резистентни на пеницилинска киселина. Notakehl делува специфично кај сите инфекции предизвикани од стрептококи и стафилококи.
Може да се користи заедно со Quentakehl капки и капсули.
Примена
Капките може да се земаат орално, за инхалации или со нанесување и протривање на кожата.
Несакани дејства:
Не се познати.